
Брегенц е град во Западна Австрија, расположен на јужниот брег на Боденското Езеро. Тој е административен центар на провинцијата Форарлберг и на истоимената област. Населението на градот е 29 500 жители.
Еден од настаните, со кој е интересен градот, е летниот фестивал, кој се одржува веќе 70 години на брегот на езерото под отворено небо. Во рамките на фестивалот се одржуваат театрални спектакли во различни музички жанрови - од опери до мјузикли. За него се собираат гледачи од цел свет. Сцените, изградени во водата, ја надминуваат имагинацијата на посетителите и стануват се' пограндиозни со секоја измината година.