
Град Брага се наоѓа во северозападниот дел на Португалија. Раположен е на реките Ешти и Кавадо и е оддалечен на 53 км. од Порто. Населението на градот брои околу 170 000 жители.
Околината околу Брага е една од најрано населените во Европа, се смета дека, земјите биле населувани уште во времето на Неолитот. Низ годините бил под влијание на различни народи, и секој оставил сој отпечаток. Тоа го објаснува и разнообразието на историски и архитектурни објекти, кои можат да бидат разгледани во градот.
Некои од забележителностите се Катедралата на Брага, Арката на новата порта (18 век), древноримски комплекс со градски бањи, дворец Рајо, многу цркви, дворци, фонтани и други.
Интересен е фактот, дека во 2012 г., градот е објавен за Европска младинска престолнина на Европа.