
Борго Терезиано е еден од најстарите и полни со историја населби во Трст, Италија. Тој е изграден во средината на XVIII в. Неговиот најголем расцвет е во времето на Марија Терезија, првата императорка на Австрија. Населбата претставувала еден од првите примери за модерно градско планирање, благодарение на нормално поставените улици. Терезиано е основан околу Канале Гранде, предназначен за добивање на стоки директно во градот. Во рамките на Хабсбургската империја, град Трст се претвора во важен пристаништен и трговски центар, не само за австријците.Благодарение на Карло VI, голем број трговци пристигнуваат во градот (особено од Грција и Србија), кое води до неопходноста за раширување на градот надвор од историските тврдини, во кои градот се' уште се наоѓал.