Болоња

Болоња, Италија

Болоња е град во Италија, регион Емилија-Ромања, кој е расположен меѓу две реки - Савена и Рено. Градот е со население од околу 377 000 жители во 2009. Болоња се смета за еден од најбогатите градови во Италија со висок животен стандард. Градот бил основан од етрурците во 534 г. п.н.е. под името Фелсина. Во 4 век п.н.е. галското племе Бои го завладува и оттаму доаѓа името Бононија.

Во градот се наоѓа најстариот универзитет во светот - Болонскиот универзитет "Alma Mater Studiorum", кој е основан во 1088 г., и е еден од најдобрите и најразвиени во цела Италија. Во овој универзитет учеле Данте, Еразмус, Коперник, Петрарка. Болоња е еден од најголемите историски центри во цела Италија, така што сочувал голем број важни споменици од епохите на Средновековие, Ренесанса и Барок. Има многу базилики и цркви. Околу плоштад "Маџоре" можат да се видат едни од најубавите згради во Болоња, како: Дворецот на градоначалникот и црквата „Св. Петрониј”, која е најголемата во градот и е посветена на Св. Петрониј - заштитник на Болоња. Археолошкиот музеј на градот зачувал остатоци од времето на египќаните и етрурците.

Екскурзии и одмори до Италија »