Боднатх

Непал

Боднатх или Бодант, исто и Кхасти или Бода е буситички храмски комплекс со една од најпочитуваните ступи во Непал.

Се наоѓа на околу 11 км. североисточно од центарот на Катманду и заедно со масивната мандала е меѓу најголемите ступи во Непал и во светот.

Оваа древна ступа оддалеку се оцртува на хоризонтот. Приокот на тибетските бегалци по кинеската окупација е причината за изградбата на околу 50 гомпи (специјални места за медитациска практика) и манастири во областа. По 1979 г. тупата Боднат, задно со Свајамбаху е вклучена во списокот на УНЕСКО на светското културно и природно наследство, каде тие се меѓу главните туристички забележителности на регионот на Катманду.

Ступата се наоѓа на древниот трговски пат, кој навлегува од Тибет во долината Катманду покрај селото Санкху и другата древна помала ступа Ка-Бахи (Малата Бода), која минува и низ Катманди, кој фактички е основан подоцна. Многу векови тибетските трговци застанувале за одмор и ја изразувале својата почит. Кога во 1950-те години тибетските бегалци доаѓале од Непал, многу од нив се населиле околу Боднат. За ступата се кажува, дека ги содржи останките на Кашјапа, почитуван од будистите, како и од хиндусите.

Екскурзии и одмори до Непал »