Билбао

Шпанија

Билбао е расположен во северната шпанска провинција Бискаја. Градот е расположен покрај бреговите на две реки пред нивното влевање во Бискајксиот залив на Алтантскиот Океан. Билбао има население од блиску 350 000 жители и е најголемиот финанскиски и индустриски центар во околината. Пристаништето му е едно од најголемите во Западна Европа,а туризмот е основен сектот од локалната економија. Билбао се наоѓа меѓу две мали планински вериги, од каде доаѓа и неговото име „el botxo“ (дупката). Градот е основан на 15 јуни 1300 г. од бискајскиот владетел дон Диего Лопез V де Аро. Најголемите забележителности се: плоштад  „Унамуно“, улица „Ронда“, катедралата „Сантијаго“, мостот „Субисури“, музејот „Гугенхајм“, отворен во 1997 г., стадион „Сан Мамес“, театарот „Ариага“, покриениот пазар „Ла Рибера“.

Екскурзии и одмори до Шпанија »