Бергамо

Бергамо, Италија

Основна карактеристика на Бергамо е, дека градот е разделен на два дела - висока и ниска.

Високиот дел се наоѓа на ридот, каде што се родил градот. Се смета, дека, бил изграден на местото на древниот град Бергомум - седиште на келтски племиња. Во 49 г. п.н.е., Бергамо потпаѓа под римска власт, а населението во тој периот брои околу 10 000 жители. Во 5 век градот е разрушен од војската на Атила, а од 6 век, веќе е седиште на најважните Ломбардски продавници во Северна Италија. Од 17 век овој средновековен дел на Бергамо е заобиколен од венецијанска ѕидина, долга околу 5 км. Нискиот дел од градот е модерната индустриска зона.

Повеќето од забележителностите на Бергамо се сосредоточени во стариот историски град. Цитаделата е меѓу најпосетуваните објекти, а главниот плоштад е Piazza Vecchia (стариот плоштад). На него се наоѓаат зградите “Palazzo della Ragione” и “Palazzo del Comune” (со средновековна кула-часовник), како и јавната библиотека “Angelo Mai”. Интерес претставуваат уште: Базиликата Санта Марија Маџоре (градена од XII-XV век), капелата Калеони (Cappella Colleoni),, сметан за еден од ремек-делата на ренесансната архитектура и декоративна уметност, замокот, катедралата на Бергамо (изградена во XVII век) и други.

Новиот дел на Бергамо започнува со својот развиток во XIX век, последователно следува брз развиток во XX в. Тука се наоѓаат плоштадот 

Екскурзии и одмори до Италија »