Белоградчишките карпи

Белоградчик, Бугарија

Карпите во Белоградчик се уникатни камени образувања, расположени во Западниот Предбалкан и опфаќаат регион со должина од 30 км и ширина од 15 км. Овој восхитувачки природен феномен е оформен од капечката дождовна вода и ветровите од последните 200 милиони години, претворајќи го бесформениот камен во скулптури, потсетувајќи на митолошки суштества, човечки силуети, животни и птици. 200 метарските колони од камени образувања образуваат природна тврдина, која во минатото претставувала одбранбен штит од непријателите. Деловите кои служеле за одбрана биле градени во три временски периоди: римски (I-IV век), средновековен (XVII-XIX век) и османски (1805-1837 г.). Карпите во Белоградчик во 1949 г. се признаени за природна забележителност.

Екскурзии и одмори до Бугарија »