
Башчаршија се наоѓа во стариот дел на Сараево и претставува простран стар турски пазар - чаршија. Изградбата и' започнува во 15 век, за време на владеењето на Иса бег Ишакбегович. На почетокот на ова место бил подигнат хан и голем број на продавници. Во текот на вековите тука се формира јадрото на еден од најголемите трговски центри на Балканот - Сараево, со неговите џамии, медреси, амами, библиотеки, кервансараи, кула-часовник и редица други јавни згради. Како последица од многуте пожари, голем дел од некогашната чаршија е уништена. И до денес, зачуваната до денес област во срцето на градот е најпопуларниот симбол на Сараево.