Бари

Бари, Италија

Престолнината на регионот Пулија и на провинцијата Бари е истоимениот град, но на локалниот дијалект звучи како Баре. Пристанишниот град е расположен на Јадранското Море и е вториот по важност економски, образовен и пристанишен центар во Јужна Италија. Патрон на морскиот град е Св. Николај.

Населението на Бари е околу 320 000 жители, но заедно со растечките приградски региони достига околу 653 000 жители.

Градот условно може да се подели на 4 делови - Стариот град (на север), нов дел (на југ) и две модерни пристаништа.

Стариот град, кој го носи звучното име ''Баривекија'' е зачуван во сверниот дел на градот меѓу двете современи пристаништа. Тука се наоѓаат и голем дел од туристичките објекти во градот - базиликата ''Св. Никола'' и катедралата ''Св. Сабино''. Замокот ''Хоенштауфен'', изграден за еден од императорите на Светата Рисмка Империја Фредерик II , го дополнува загадочниот облик на старата населба. Овој дел на градот се ја губи својата волшебност и во вечерно време, кога се претвора во основниот центар на ноќниот живот на престолнината. На југ се простира модерната населба Мурат, која е изградена по планот на Јоахим Мурат со правилна мрежа од нормално поставени улици и романтична крајбрежна алеја покрај морето. Во овој регион се наоѓаат и основните центри за пазарење. Суштинскиот центар на градот е заобиколен и од брзо растечките преградија, оформени за време на бурниот развиток на Бари, во 60-те и 70-те години на 20 век. Бари располага и со меѓународен аеродром, до кое се реализираат директни полети од многу европски градови, вклучително и од Софија.

 

 

 

Екскурзии и одмори до Италија »