Банкок

Банкок, Тајланд

Банкок е главниот и најголемиот град на Тајланд. Се простира на огромна површина околу реката Чао Праја, недалеку од влевањето а реката во Тајландскиот залив. Банкок се формира на местото на село, кое на крајот на 18 век станува главен град на Сијам. Во следните два века станува главен политички и стпански центар на Тајланд. Во периодот на брз економски развој на Југоисточна Азија, на крајот на 20 век во Банкок се стационираат регионалните централи на многу големи компании. Во 2009 г. е оценет како вториот најскап град во Југоисточна Азија, по Сингапур. 

Официјалното име на градот е составено од 20 зборови и се смета за едно од најдолгите во светот, а во Гинисовата Книга го зазема првото место. Во тоа име се искористени два индиски јазици - пали и санскрит, каде почетниот збор „Крун“, значи „престолнина“ на тајски јазик. На санскрит името во превод значи „Градот на ангелите, великиот град, вечниот град-скапоцен камен, непобедливиот град на Бог Индра, великата престолнина на светот, надарена со девет скапоцени камења, среќниот град, богат со огромен царски дворец, кој потсетува на небесното живеалиште, каде царува раинканираниот бог, град, даден од Индра и изграден од Вишнукарма.

Екскурзии и одмори до Тајланд »