Базиликата Света Анна де Бопре

Канада

Базиликата Света Анна де Бопре е разположена на река Свети Лоренс и се наоѓа на 30 км од град Квебек. Таа е едно од петте национални светилишта на Канада. Историјата и' започнува во 1658 г., кога бил изграден мал параклис, а денешната базилика е изградена во 20-те години на 20 век по опожарување. Изградена е во формата на крст и стилит и' е романски. Висока е околу 100 метри. Католичката црква ја заврила базиликата, со тоа дека им помага на болните да оздрават. Секоја година таа привлекува околу половина милион поклоници, кои се надеваат да бидат излечени. Поради таа причина, многу од излакуваните луѓе ги оставиле нивните патерици пред влезот на базиликата.

Екскурзии и одмори до Канада »