Базиликата „Св. Петар“

Рим, Италија

Базиликата ''Св. Петар'' во Рим е најпознатиот споменик на ренесансната архитектура и најголемата црква во светот. Посветена е на апостол Петар, дури се смета, дека на местото, каде се издигнува катедралата, е погребан светецот. По многу години мисионерство и проповедање на христијанска религија, апостол Петар доаѓа во Рим во втората половина на 1 век, каде во 64 година е измачуван и распнат на крст од императорот Нерон. Егзекуцијата му е дел од многубројните убиства на христијаните по големиот пожар во Рим. По прифаќањето на христијанството како официјална религија на местото каде што починал апостол Петар, по заповед на император Константин Велики, била изградена првата базилика во чест на светецот. Денешниот храм е изграденврз основите на базиликата од времето на Константин Велики. Куполата на црквата е дело на Микеланџело, продолжено од Доменико Фонтана и Џакомо де ла Порта.

The Basilica, the square in front of it and the Papal Palaces make up almost the entire area of ​​one of the smallest countries in the world - the Vatican.

Екскурзии и одмори до Италија »