Атон

Халкидики, Грција

Атон (Света гора) е планински полуостров во Грчка Македонија, Северна Грција. Тој е автономна монашка заедница под грчки сувернитет и седиште на 20 православни манастири. Духовно е потчинета на Цариградската патријатшија во Истанбул. Населувањето на полуостровот е дозволено само на монасите, вкупното население е околу 1400 жители. Според едно старо предание Св. Богородица заедно со С. Јован тргнале на пат за Јопа во Кипар, за да го посетат Св. Лазар. Наеднаш бродчето се занишало, го загибул курсот и се нашла во тогашниот се' уште пагански Атон. Поради бурното море бродчето се скршило во близина на денешниот манастир Ивирон. Божјата Мајка испливала на брегот и се воодушевила од прекрасната убавина на планината, ја благословила и го замолила својот Син да го претвори ова место во нејзина градина. Одеднаш слушнала глас: “Нека ова место биде твое наследство и твоја градина, рај и небо и спасение за тие, кои бараат спас“. Оттогаш планината е посветена на Света Богородица како нејзина градина, во која не се дозволува присуството на други жени, освен на Божјата Мајка.

Екскурзии и одмори до Грција »