Асизи

Асизи, Италија

Градот Асиси се наоѓа во провинцијата Перуџа, област Умбрија. Населението му е околу 27 000 жители. Градот е расположен на рид и на посетителите им предлага големо разнообразие од цркви, средновековни згради и галерии. Во градот е роден Св. Франциск, кој е основач на францисканскиот орден. Базиликата која се наоѓа во градот е посветена на него, при што во горниот дел има фрески, кои го опишуваат животот на светецот. Во долната црква се наоѓа гробот на Св. Франциск, кој е откриен во 1818 г. Ископините продолжиле повеќе од два месеци, така што светецот бил погребан тајно, за неговите останки да бидат заштитени од кражба. Базиликата е типичен пример за италијанска готика. Базиликата е и дел од културно-историското наслетство на УНЕСКО. Најстарата црква во Асизи е „Санта Марија Маџоре”. Во уметничката галерија во градот може да се разгледа многу убава колекција од ренесансни платна од областа Умбрија.

Екскурзии и одмори до Италија »