Археолошки комплекс "Остија Антика"

Остия Антика, Италија

Ostia (lat.  Ostium - устието на река)  е древноримски град, кој никнува како "castrum" во IV в. п.н.е. и станува првата римска колонија. Во следните десетилетија , освен како важен воен центар, го пази Рим од непријателските бродови низ р. Тибар, селото станува трговски центар, благодарение на добивањето на цол - една од најскапите и најбараните стоки во Антиката. Во I в. п.н.е., градот веќе е разделен на пет големи населби, а императорот Август ја преместува флотата на југ, во Кампања. Поселдователно на тоа доаѓа до расцвет политичкиот, религиозниот и општествениот живот, а тоа од своја страна доведува до зголемување на населението до 50 000 жители кон крајот на втората половина на II в.н.е. Оваа кулминација е проследена со постојана рецесија на населението во следните децении. Последната значајна зграда, подигната во изумирачкиот град, е базиликата на императорот Константин посветена на Св. Петар и Св. Павел и Св. Јован Крстител. Распадот на Римаската империја и последователните напади од варварските племиња, најмногу од сарацините, доведуваат до целосното изоставување на ОСтија Антика во IX век.

Екскурзии и одмори до Италија »