
Аруша е танзаниската престолнина на сафари, расположена во подножјето на врв Меру, во близина на планината Килиманџаро и националните паркови Манјара, Тарангире и Нгоронгоро. На север, по подножјето на врв Меру се наоѓа национален парк "Аруша". Самиот град е основан од германци како центар на колонијалната администрација, поради умерената клима.