
Величествениот амфитеатар, познат под името ''Арена ди Верона'', изграден во I век н.е., е најдобро зачуваниот древноримски споменик. Во минатото тука се одржувале гладијаторски битки, витешки турнири и спектакли. Театарот располага со повеќе од 22 000 места. Првенствено, при изградбата, арена била надвор од градските ѕидини. Во III в. императорот Галениус ги раширува, за да ги вклучи во нивните граници и амфитеатарот. По големина и значење, тој се реди по Колосеумот во Рим. Тука се оджува традиционалниот летен оперен фестивал, кој за прв пат се одржал на 10 август 1913 г. со ''Аида'' од Џузепе Верди. На сцената на Арена ди Верона пееле и бугарските ѕвезди Николај Гјауров, Гена Димитрова и Рајна Кабаиванска.