Арбанаси

Арбанаси, Бугарија

Село Арбанаси е расположено на високо плато на 4 км од градот Велико Трново. Уште во времето на Втората Бугарска Држава се користела како летна резиденција на бојарите. Според легендата, тука трновките цареви ги правеле своите монети. Денес селото претставува архитектурен резерват, кој опфаќа интересни културни и историски објекти од крајот на Средновековието, Бугарската Преродба, па се' до денес. Најинтересните музеи во Арбанаси се Констанцалиевата куќа, црквата ''Свето Рождество Христово'', црквата ''Св. Архангел Михаил и Гаврил''. Во селото има многу куќи за гости и мали пријатни хотели, како и неколку големи традиционални ресторанти, во кои се организираат прослави и настани за тимбилдинг.

Екскурзии и одмори до Бугарија »