
Аквадуктот Камарес е колосална конструкија, едно од многуте дела на Сулејман Величествениот. Изграден е околу 1550 г. на местото на долга карпа, која исполнувала заштитна улога и била користена како аквадукт. На врвот постои пространство, по кое се шетале стражарите на градот. Во 15 век аквадуктот бил разрушен и султанот издигнал нов, познат со името Камарес, за да го снабдува градот со вода. Конструкцијата се состои од 60 арки со различни размери, од кои најголемата е висока 52 метри. Водата даѓала од планински извории се течала по отворен канал во горниот дел на аквадуктот. Највпечатливиот дел се наоѓа блсику до стариот град - аквадуктот личи на мост со арки и се простира на 280 метри должина и 28 метри височина. Денес главниот пат на Кавала минува под арките на аквадуктот. Од него почнуваат и алеите за пешачење на Стариот град, кои стигнуваат до тврдината.