Адис Абеба

Етиопија

Адис Абеба е главниот град на Етиопија, расположен во централниот дел на државата. Жителите на градот бројат повеќе од 3 милиони жители. Во превод на македонски името на градот значи „нов цвет“. Основан е во 1886 г. од император Менелик II, по молба на неговата сопруга Тајту. Се наоѓа во подножјето на врв Ентото и е еден од највисокопланинските главни градови во светот. Адис Абеба е еден од најчистите и безопасни градови на Афричкиот континент. По улиците скоро и да нема просјаци, а најтешките престапи, коишто се извршуваат тука се ситни кражби и измами. Денес тука се наоѓаат штабовите на Афричкиот сојуз и на Економската комисија за Африка кон ООн. Се смета, дека градот е лулка на човештвото, поради тоа што тука е откриена најстарата ДНК на човек, пронајдена досега.

Екскурзии и одмори до Етиопија »