Агриџенто

Агриџенто, Италија

Агриџенто е град во Сицилија, расположен на брегот на Средоземно Море. Населението брои приближно 58 000 жители.Агриџенто е град со богато историско и културно минато. Првите податоци за него датираат од 580 г. п.н.е. Првично се развива како грчка колонија, а локалните жители го нарекуваат Акрага - по блиската река. Од тој период се зачувани остатоци од седум древни грчки храмови, област наречена Долината на храмовите. Во овој период градот бил во својот најголем расцвет, претворајќи се во еден од најбогатите и најпознатите грчки колонии.

За време на Првата пунска војна (264 п.н.е. - 241 г. п.н.е.) за градот се бореле римјаните и картагинците. Во 262 г. п.н.е. римјаните направиле опсада на градот, а жителите потпаѓаат под нивно ропство.

За време на Втората пунска војна, градот повторно страда од битките меѓу Рим и Картагина. Во крајна сметка римјаните го завладејуваат градот и го преименуваат Агриџенто.

По смртта на Јулиј Цезар, во 44 г. п.н.е., жителите добиваат римско граѓанство, иако населението првенствено продолжило да зборува на грќки јазик.

По падот на Западната Римска империја, Агриџенто последователно преминува во рацете на Кралстото на вандали и алани, Остготско кралство и Византиската империја. За време на овој период населението на градот постепено се преместува од пониските делови кон врвот на ридот. По Норманското завојување на Сицилија, градот се преименува во Гриџенти. Грофот Роџер I основа Латинска митрополоја во градот. Во овој период е изграден замокот на Агриџенто. Во 1860 г. цела Сицилија го поздравува пристигањето на Џузепе Гарибалди, кој го ослободил Југот на Италија.

Денес Агриџенто е голем туристички центар, благодарение на исклучителното богатство и историското минато. Основна туристичка забележителност е Долината на храмовите. Седумте антички грчки храмови се дел од Светското наследство, а Храмот на Конкордија, дури е исцртан на логото на УНЕСКО.

Екскурзии и одмори до Италија »