
Агра е град во Индија, расположен на брегот на река Јамуна. Градот е познат со своите архитектурни споменици, меѓу кои два се од најпосетуваните и дел од УНЕСКО, тие се Таџ Махал и Црвената тврдина. Градот за прв пат е спомнат во 1080 година, бил престолнина на Монголската империја од 1556 до 1648 година. Денес во градот живеат малку повеќе од 1.5 милиони луѓе.