
Џераш е град во Северен Јордан, кој се наоѓа на 48 км. северно од главниот град Аман. Населението брои скоро 40 000 жители.
Џераш е еден од најдобро зачуваните градови од римската епоха во Блискиот Исток. Градот е расположен во плодородна долина, околу храмовите, која е погодна за одгледување на различни култури. Основан е во IV в. од војниците на Александар Макеоднски, градот подоцна се претвора во еден од десетте најразвиени на римскиот Декаполис.
Современиот град Џераш се наоѓа врз останките на античкиот град, но највпечатливи се петнаесетте цркви од раното Средновековие. Интересни забележителности се римскиот стадион, триумфалната арка, римскиот форум со овална форма, фонтаната, безбројните храмови и римските бањи со топла и студена вода.
Изимителната статуа на Артемида, сметана за патрон на градот, која се издигнува на крајот на просторната широка улица со монолитни столбови.
Во летните месеци - јули и август, тука секоја година се одржува тринеделен фестивал со многу музички, танчерски и театарски претстави.