
Џенова е град и провинција во Лигурија, Северозападна Италија. Населението на Џенова брои 590 000 жители. Тој е шестиот град по големина во Италија. Градот се наоѓа меѓу Лигурско Море и Апенините. Се смета дека, Џенова е најголемиот Средоземноморски град во Европа и најважното италијанско пристаниште. Во 2006 г. стариот град на Џенова се вклучи во списокот со објекти на природното и културносто наследство на УНЕСКО. Градот има богато историско минато, многу уметнички и архитектурни творби. Џенова има и богато културно минато, поврзано со уметност, музика и кулинарство, поради кое во 2004 г. бил Европска престолнина на културата. Тука се родени многу познати личности, како: Кристофер Колумбо, Николо Паганини, Џузепе Мазини.