Џамијата е најголемиот муслимански храм во Обединети Арапски Емирати. Позната е и како Големата џамија, таа е осма по големина во светот. Го носи името на шеикот Зајед бин Султан Ал Нахајан – нејзиниот основач и првиот претседател на ОАЕ, кој е погребан во неа. Џамијата официјално е отворена за време на исламскиот празник Рамазан во 2007 год. Оваа величествена структура е достапна за јавноста и навистина вреди да се посети. Сликање внатре не е дозволено, како и несоодветна облека.
Дизајнот на џамијата е инспириран од мавритански и монголски храмови и особено од џамијата Хасан II во Казабланка и Бадшахи во Лахор, влијаела директно во распределбата и поставеноста на куполата. Нејзините криви лакови симболизираат мавританскa архитектура, а минарињата се класичен арапски стил. Ентериерот и екстериерот на Големата џамија најдобро се опишуваат како мешавина од арапски, мавритански и монголски стил.
Шеик Зајед е толку голема што може да собере 40 000 верници одеднаш. Само во главната сала за молитва може да се соберат околу 9000 верници. Во нејзина близина има уште две соби со капацитет од 1.500 лица, кои се полнат претежно од жени.
Во четирите агли на просториите има четири минариња, кои се издигнуваат на околу 115 м. височина. 57 куполи ја покриваат главната зграда и надворешниот двор. Сите тие се украсени со бел мермер од Пиетрасанта во Италија, а за внатрешна декорација е употребен еден од Лас. Дворот е поплочен повторно со мермер во цветни мотиви и е со големина 17 000 метри квадратни.