
Џамијата "Селимие" е изградена во периодот 1568-1574 г. од турскиот архитект Синан, по наредба на султан Селим II. Се смета за врвот на османската архитектура, а самиот Синан ја определува како своето најдобро дело. ''Селимие'' спаѓа кон т.н. ''султански џамии''. Изградена е во византиски стил, како ''Света Софија'' во Истанбул, но со нови архитектурни решенија. Џамијата ги има највисоките минариша во Турција - 71 метри. Централната купола, која се крепи на осум моќни столбови, е со дијаметар 31,28 м., а неговата височина, измерена од основите на храмот, е 43,28 м. Кон џамијата има неколку музеи со археолошки, историски и етнографски експонати.