
Џакарта е главниот град на Индонезија, Расположена е во северозападниот дел на остров Јава, на брегот на Зондско Море. Населението на Џакарта е околу 10 милиони жители, кое ја прави најголемиот град во Југоисточна Азија. Првото село на местото на Џакарта е пристаништето од 5 век, наречено Калапа. Во 14 век Калапа бил важен центар на хиндуистичката држава Зонда. Првите европејци, кои стигнале до Калапа се португалците, кои во 1522 г. таму градат своја тврдина. На 22 јуни 1527 г., откако е преземен од локалниот воен началник Фатахилах, градот е преименуцан во Џакарта. Оваа дата се смета за моментот на основање на градот. Во 1619 г. Џакарта е преземена од војски на холандската Обединета источноиндиска компанија, водени од Јан Питерсзоон Кун. Градот е преименуван во Батавија и станува центар на холандските владеења во Југоисточна Азија. За време на Наполеонските војни, во периодот 1811 - 1815 г., Батавија за краток период е под британска контрола. Со нарастувањето на холандските управувања во регионот во 19 век важноста на Батавија исто така се зголемува. Силната централизација на колонијалното управување доведува до необична концентрација на политичко и економско влијание во градот, кое се зачувало до денес. За време на Втората светска војна градот е преземен од јапонците (1942 г.), кои го преименуват во Џакарта, за да добијат подршка од локалното население. По поразот на Јапонија во 1945 г., Џакарта се враќа под контрола на Холандија, но засиленото движењето за независност доведува до создавањето на независна Индонезија. Во 1949 г. Џакарта очекувано станува главен град на новата држава. За туристите градот е многу интересен и колоритен.