Њу Јорк

Њујорк, САД

Еден од најголемите градови во светот со население од 8 274 527 жители, се наоѓа во сојузната држава Њу Јорк. Во метрополата на Њу Јорк живеат 18 818 536 луѓе. Њу Јорк се наоѓа на околу 1 214,40 км², а метрополата му е 17 405 км². Агломерацијата формирана заедно со околните села вклучува делови од 3 сојузни држави. Самиот град Њу Јорк се состои од 5 области: Бруклин, Бронкс, Менхетен, Квинс и Статен Ајленд. Градот е меѓу најважните финансиски и комуникациски центри во светот. Многу од најбогатите американски и светски компании се базирани во него и брутниот продукт на метрополитната област е поголем од тој на повеќето држави.

Екскурзии и одмори до САД »