
Љубљана е главниот и наголем град во Словенија. Расположена е меѓу Јадранско Море и Алпите, блиску до вливањето на река Љубљаница во река Сава. Населението и' е околу 270 000 жители.
Историјата на Љубљана е силно повлијаена од геграфската местоположба на градот, кој се наоѓа на крстопат меѓу славјанскиот свет и културите на западните германски и латински народи. Градската архитектура е комбинација од различни стилови.
Историскиот центар на градот е зачуван во автентичниот вид од Средновековието. По земјотресот од 1511 г. градот е обновен во барок стил, а по силниот земјотрес од 1895 г. Љубљана добила веропски вид, обновена во стил - виенски сецесион. На централниот плоштад се издига зградата на францисканската црква на Евангелието, изградена во XVII в., а на рид во центарот на градот се наоѓа средновековен замок, кој датира од XII в. Денес жичара го поврзува центарот на градот со врвот на ридот. Друга забележителност е зградата на општината во Љубљана. Првично изградена во готски стил во 1484 г., објектот е реновиран во 1719 г. во барок стил. Во непосредна близина се наоѓа реплика на барокната фонтана, чијшто оригинал се чува во Националната галерија
На плоштад “Кирил и Методиј“ се наоѓа катедралата “Свети Николас“, која се одликува со зелената купола и кулите близначки. Интериорот е украсен со барокни фрески од почетокот на XVIII в.
Во 1993 г. во Љубљана е откриена тринаесет-катна станбена зграда, која со височина од 70 м. била највисоката станбена зграда во Европа. Денес во неа се наоѓаат многу продавници, кафичи со откриена тераса и канцеларии на приземните катови, како и домови на повисоките катови.
Денес словенската престолнина Љубљана, која го зачувала духот на Средновековието и придобила од културните традиции на Австро-Унгарија, е еден модерен европски град, кој предлага историја и современ облик.