Јоханесбург

Јоханесбург, Јужно Африканска Република

Јоханесбург е најголемиот град во Јужноафриканската Република и најважниот индустриски и финансиски центар на државата. Тој е центар на провинцијата Гаутенг и седиште на Уставниот суд на ЈАР. Градот е основан во 1886 г. и во околината му се произведени 40% од златото во светот. Градот претставува комбинација од викторијанска и современа архитектура. Зградата на Главната пошта со часовникот се смета за најубавата градба на Јоханесбург. Датира од 1897 година. Часовникот е изработен во лондонска работилница, која ги изработила деловите за Биг Бен. На аголот на улиците „Симондс“ и „Маркет“ се наоѓа зградата на Централната библиотека. Таму се напѓаат историскиот и геолошкиот музеј. Во музејот за ликовни уметности во Јоханесбург се собрани делата на Пикасо, Ван Гог, Роден. Во околината се наоѓа Музејот на Африка. Палентеолошкиот музеј чува останки од првобитни луѓе. Исто така се чува скелет на диносаурус, кој ја населувал територијата на Јужна Африка пред 130 милиони години.

 

Денес Јоханесбург е модерен трговски град.

Екскурзии и одмори до Јужно Африканска Република »