Јорк

Јорк, Велика Британија

Јорк е со население од 195 000 жители. Градот е основан од римјаните во 71 г. под името Еборакум. Тие го избират за главен град на провинција Британија Инфериор. Меѓу 7 и 9 век е престолнина (наречена Еофоруик) на англо-саксонското кралство Нортумбрија. Во 866 г. викинзите го преземаат градот и го преименуваат во Јорвик, пеименуван во 13 век во Јорк. Од 954 г. влегува во составот на Кралство Англија.

 

Јорк има многу добро развиена економија и индустрија. Освен тоа е основен културен центар и домаќин на расзлични спорстки настани. Архитектурата на градот има историско значење. Тука се наоѓа една од најстарите и големите катедрали на Островот - Минстер, која била градена во текот на 250 години.

 

Во градот има многу музеи, а во централниот дел се наоѓа огромната ботаничка градина. Тоа го прави Јорк во најпосакувана дестинација, која туристите ја посетуваат и разгледуваат со голем интерес.

Екскурзии и одмори до Велика Британија »