
Јокохама е најголемиот пристаништен град во Јапонија, административен центар на префектурата Канагава. Според пописот од 2005 г., населен е од 3,5 милиони жители.
Градот е расположен на 30 км од Токио. Има силна сопствена економска база, главно претставена од морски транспорт, како и биотехнолошка и полупроводничка индустрија. Во Јокохама се наоѓа едно од најважните пристаништа во Јапонија.