Јарденит

Jaрденит, Израел

Јарденит е место во северниот дел на Израел, на кое се претпоставува дека Јован Крстител го извршил крштевањето на Исус. Тоа се наоѓа во историскиот дел на Галилеја, по долж на реката Јордан. Објектот е во сопственост на кибуц Кинерет кој се наоѓа во негова близина.

Пророкот Јован Крстител е роден малку пред Христос, кој проповедал крштавање за проштавање на гревовите. Eден ден Исус се појавил пред него, и посакал да се крштева. Според Новиот Завет, откако Спасителот влегол во водата, се оворило небото, се појавил блесок на молнја, и оттаму долетал гулаб. Овој гулаб го симболизира светиот дух што слетува на рамото на секој нов што ќе биде крстен.

Во Јарденит, денес може да се направи симболично крштевање. За таа цел, има посебен дел од реката, во кој верниците треба првo да го исчистат телото (поминуваат низ туш), да облечат бела облека и да се потопат во водата три пати. Оваа облека треба да се чува до крајот на својот живот.

Реката Јордан е под нивото на морето и температурите се многу високи. Водата во близина на езерото Кинерет и реката е топла поради геотермалните извори што се во близина.

Екскурзии и одмори до Израел »