
Јангшоу е град со статут на префектура во Кина, кој се наоѓа во источниот дел на државата, провинција Ѕјансу. Расположен е на северниот брег на река Јангѕекјанг. Големиот канал на Кина, познат како Џингханг, ја сече префектурата од север на југ. Населението на целата област е 4,4 милиони жители.
Градот е заобиколен од карпести карстови и варовнички планини, кои предлагаат интересни атракции. Водната пештера се наоѓа на околу 6 км. од центарот на Јангшоу и во внатрешноста има сали на три нивоа, како и многу подземни реки. Во непосредна близина е “Месечниот храм“, кој претставува пчанинско возвишување со огромна дупка во средината, направена како да ги филтрира зраците на месечината.
Туристичка забележителност е и долгото Западно Езеро, кое минува низ западните граници на Јангшоу и е многу живописно место со плачливите врби по брегот и балкони со прекрасна глетка на секој агол. Околу езерото има огромен парк, во кој се наоѓаат неколку атракции: Пагодата на лотосот, “Малата златна планина“ и платформата за риболов.