
Јазд е еден од најдревните градови во светот, се наоѓа во централниот дел на Иран, главен град на провинцијата Јазд и центар на зороастриската култура, која била главна религија за време на Персиската империја и пред навлегувањето на исламот во државата. Расположениот во пустината град - оаза е уникатен со своите архитектурни примероци. Населението е околу 490 000 жители. Пред многу векови Јазд бил еден од градовите, располо
ен по "патот на свилата" со развиена трговија и занаети. Денес во градот може да се видат голем број на џамии, минариња и древни згради од глина. Поголемиот дел ог радот го зачувал својот архитектурен облик од минатите векови и тоа му дава уникатен вид, во комбинација со неверојатни пустински глетки.