Јагодинската пештера се наоѓа ма 20 км од Девин во срцето на Родопите. Таа е една од најинтересните пештерни експозиции во Бугарија. Проучувањата започнуваат во далечната 1963 г., каде од 1986 г. детални мапирања и проучувања продолжуваат. Специјалистите сметаат, дека возраста и' е 250 000 години. На 4 метри по природниот влез на пештерата е откриено Енеолитно живеалиште - локален керамички центар, кој нема толку добро зачуван аналог во Европа. Останките од жителите датираат четири илјади п.н.е. за време на камено - бронзената епоха. Првото од трите нивоа е со целогодишна температура од 18 степени, а другите две нивоа се со постојана годишна темперетура од 6 степени. Пештерата е долга 10,5 км и тоа ја прави третата најдолга во Бугарија и најдолга пештера во Родопите. Туристичката рута е долга 1250 метри, каде во овој краток дел се среќаваат 22 од 28-те познати на модерната наука карпести образувања и видови. Од животинските видови се среќаваат видовите лилјаци, пештерски скакулци, пајаци и други, а од флората - лишаи, мов и печурки.