
Заштитната ѕидина е изградена во 122 г. од императорот Адријан. Со должина од 117 км. таа служи како северна граница на Римската империја, носи почит и пречи на евентулни напади. Ѕидината е објавена од УНЕСКО за дел ос светското културно наследство.
Ѕидината на Адријан се ширела по зелените ридови на Северна Англија по должина од 120 километри.
Целта на ѕидината била да послужи како бариера, која ќе ги блокира варварските инвазии од север. Длабокиот ров пред неа бил издлабен во повеќе сектори.
Следувала самата ѕидина, а зад неа бил пат - главната комуникација како на фронтот, така и кон внатрешноста на провинцијата Британија. Камената ѕидина била изградена од рампа, запци и скали - кога имало поместување по теренот. На определени од воена гледна точка растојанија имало три вида објекти: стражарски кули со неколку дежурни на смена, мали тврдини со по 20-30 војници и големи тврдини со поголема концентрирана воена сила. На последниот дел имало функционирачки станбени населби, каде живееле ветерани, нивните блиски и трговци.