
Пиаца Армерина е град во централниот дел на Сицилија, Италија. Населението брои околу 21 000 жители. Пиаца Армарина датира од праисториско време, доказ за кое е римската вила ''Империале дел Казале''. Римските мозаици во вилата се дел од Светското културно и историско наследтсво под заштита на УНЕСКО. Градот се развива во 11 век, по норманското завладејување. Поради големото влијание повечето архитектурни забележителности во градот од овој период се - згради во нормански и готски стил. Забележителни се барокната катедрала од 17 век, дворецот ''Тригона'', Арагонскиот замок, барокната црква ''Света Анна'', театарот Гарибалди. Секоја година меѓу 12-14 август во центарот на градот се одржува настанот Палио деј Нормани, кој претставува обновување на влегувањето во градот од норманскиот гроф Роџер I.