
Со овој вулкан се сврзуваат неколку интересни легенди. Едната од нив раскажува, дека во подножјето всушност се родила Венера. Според друга - кратерот претставува ковачницата на бог Хефес и домот на еднооките циклопи. Најромантичната легенда гласи дека, под вулканот се венчаат само највљубените, чијашто сила на чувствата може да се спореди само со огнена стихија.
Во целата своја историја Етна еруптирал околу 135 пати. Првото историски познато еруптирање на вулканот е во 475 г. п.н.е. На 11 март 1669 г. започнало најсилното еруптирање на вулканот, кое траело 4 месеци. Како резултат на тоа загинале 20 илјади луѓе, а 50 градови биле уништени. Вулканот е ктивен во различни степени, при што понеодамнешни ерупции имало во јануари и април 2012 г., 26 октомври 2013 г., 23 ноември 2013 г. Најнеодамнешната ерупција била на 03 декември 2015 г. Учените тврдат дека, последното еруптирање било најсилно во последните 20 години.
Покрај тоа жителите во регионот на Етна воопшто не се вознемируваат от повремената сила на лавата и вулканската пепел.
Често се тврди дека, тука се спуштаат најдобрите скијачи од целиот свет, затоа што тие можат да избегаат од лавата. Со други зборови Етна претставува рај за скијачите за време на зимските месеци, а за љубителите на алпинизмот има целогодишни одлични услови.
Денес Етна е објект на меѓународен туризам. До околу 1900 м. надморска височина води асфалтиран пат и има паркинг и постојки. До височина од 2500 м. има лифт со кабини. Туризмот во овој регион е силно развиен, посетуван е од над 10 000 туристи годишно. Во селата, расположени во подножјето на Етна се развива винарство и лозарство.
Препорачливи се топла облека и удобни окувки за искачувањето по кратерите на вулканот. На лице место може да се изнајми топла јакна.