Модика

Модика, Италија

Градот Модика се наоѓа во опшината Рагуза, во Југоисточна Италија. Населението брои околу 55 000 жители. Долоната на градот е 20 км. од Рагуза, а стариот град е терасовидно позициониран на јужниот склон на Иблејските Планини. Градот е разделен на два делови - низок ивисок. Во Модика Баса (нискиот дел на градот) можат да се видат Градскиот музеј, како и неколку барокни цркви. Во Модика Алта (горниот дел на градот) има цркви, дворци и куќи, каде најголемата архитектурна забележителност е црквата Сан Џорџо. Во 1613 г. и 1693 г. градот бил разрушен од земјотреси, а во 1833 г. и 1902 г. бил поплавен. И покрај потешкотиите, зачувани се многу културни и архитектурни богатства на Модика. По земјотресот во 1693 г. градот бил обновен и се издигнати колосални споменици во типичен сицилијански барок. Во 18 век, Модика бил културен центар, кој привлекол многу поети и филозофи.

Екскурзии и одмори до Италија »