
Атлас Студио е филсмко студио кое се наоѓа на 5 км од градот Уазарат, Мароко. Според својата површина студиото е најголемото во светот. Компанијата е создадена во 1983 година од претприемачот Мохамед Белги. Поради добрата местоположба, пространа природа и добри климатски услови во коишто се наоѓа компанијата, успева да просперира. Студиото се претвора во главна туристичка агенција во реонот, затоа што голем дел од местата на кои се снима остануваат на своето место, па туристите љубопитно ги посетуваат.