1 | |
Поаѓање од аеродромот во Софија со директен лет за Палма де Мајорка. Слетување на аеродромот во Палма. Туристичка програма во главниот град Палма (вклучена во цената):. Искачување до замокот "Белвер" кој е сместен на рид со прекрасна панорамска глетка. Замокот е со уникатна готска архитектура и е сведок на времето кога Мајорка била независно кралство на Медитеранот. Потоа следи панорамска обиколка на Палма со автобус, за време на која ќе видите прекрасни градби од различни епохи и архитектонски стилови. Пауза спроти катедралата“ Ла Сеу”, нарекувана „катедрала на морето, светлината и вселената“ затоа што е највисоката, најпространата и полна со светлина готска катедрала во светот. Од 1904 до 1914 година, самиот Гауди ја извршил главната реставрација во неа. Пешачка прошетка: стариот дел на градот Палма (со неговиот лавиринт од тесни улички) и модерниот, современ дел - поглед на црквата "Света Еулалија", Градското собрание, Администрацијата, Парламентот на Балеарските Острови и главниот трговски центар на градот лоциран веднаш до плоштадот „Хуан Карлос I“. Трансфер до хотелот. Сместување. Ноќевање. | |
2 | |
Појадок. Слободно време или по желба целодневна екскурзија до Соер, Форналуч и манастирот Лук со воз и автобус. Поаѓање од Палма со познатиот дрвен воз од 1912 година. Додека поминувате поред полиња со портокали, маслинки и бадем, ќе почувствувате како да сте во некој вестерн филм. Пристигнување во градот Соер, сместен во најплодната долина во Мајорка. Историскиот центар на градот е прекрасен пример за модернистичка архитектура, бидејќи е формиран од архитекти следбеници на Гауди. Поаѓање со автобус кон планината Трамунтана. Застанување во Форналуч (под заштита на УНЕСКО) - населба која со своите камени куќи и насликани ќерамиди ја зачувала атмосферата на автентичната Мајорка. Посета на манастирот Лук- без сомнение духовниот центар на Мајорка. Најважното светилиште е статуата на Црната Мадона (Ла Марионета), за која се верува дека исполнува желби и лекува. Преминување низ живописните планински села Селва и Каимари, со застанување во Инка- трети по големина град на островот и центарот на кожарската индустрија, чии производи се присутни на многу меѓународи модни подиуми. Посета на фабрика за кожа. Враќање во хотелот. Ноќевање. | |
3 | |
Појадок. Слободно време или по желба полудневна екскурзија до пештерите Драк и фабриката за бисери. Поаѓање кон вториот по големина град на островот - Манакор. Застанување во фабриката за бисери “Махорика” и спортската академија на Рафаел Надал. Посета на пештерите Драк - најграндиозните и богати со карстни формации на островот. На крајот од прошетката е амфитеатарската сцена пред големо подземно езеро со чиста вода. Ќе се нурнете во спокојна атмосфера во придружба на музиката од Шопен, Моцарт, Вивалди и Офенбах. Следува застанување на пристаништето во Порто Кристо, најзначајното на источното крајбрежје со луксузни јахти и прекрасен поглед. Враќање во хотелот. Ноќевање. | |
4 | |
Појадок. Слободно време или по желба целодневна екскурзија до Алкудија, Нос Форментор и Поенса. Поаѓање за северниот дел на Мајорка. Застанување во фабриката за кожа во градот Инка. Екскурзијата продолжува кон градот Алкудија, познат по својата арена за корида, ѕидините, неоренесансово-барокната црква “Света Хајме”и традиционалниот пазар за типични за регионот производи и ракотворби. Ќе достигнеме до заливот Појенса и полуостровот Форментор, кои се сметаат за едни од најубавите места на островот. Пауза за фотографирање на видиковецот "Ес Коломер", каде што се отвара прекрасен поглед кон малото истоимено островче. По желба - можност за пловење со бродче (наместо патување со автобус) од заливот Појенса до Нос Форментор (карта за бродчето: 8-10 евра, се плаќа на лице место.). Патувањето продолжува кон планинскиот град Појенса, омиленото место за творење и инспирација на писатели и уметници. Тука Агата Кристи го пишува романот “Проблем во Појенса”. Враќање во хотелот. Ноќевање. | |
5 | |
Појадок. Слободно време или по желба полудневна екскурзија до Валдемоса. Градчето Валдемоса е оддалечено 17 км. од главниот град Палма. Тука е родена единствената светица на островот - Каталина Томас, почитувана низ целиот католички свет. Нејзиното родно место е претворено во капела и е отворено за посетители. Прошетка низ тесните калдрмени улички, посета на Картезианскиот манастир "Ла Картуха", каде за време на зимата 1838-1839 година живееле Фредерик Шопен и Џорџ Санд. Поглед на имотот „Сон Мароч“, каде што живеел и работел прородникот на туризмот на Мајорка - австрискиот принц Луис Салвадор, кој ја напуштил блескавата царска палата и се населил на островот. Фото пауза на видиковецот „На Форадада“. Трансфер до аеродромот во Палма за директен лет за Софија. Пристигнување на аеродромот во Софија. |
Хотел "Caballero" 4* | |
Двокреветна соба со француски лежај/брачен кревет | вклучено во цената |
Двокреветна соба со разделени легла | вклучено во цената |
Допълнително трето легло в двокреветна соба за дете 2-14 г. | -€50 |
Еднокреветна соба | €190 |