Шпанија и Португалија (преку Малага) - авионска програма!

Рани резервации!

Софија – Малага – Кордоба – Лисабон – Kоимбра – Авеиро – Порто – Фатима – Алгарве – Севиља – Гранада – Малага – Софија

Екскурзија со автобус и авион
8 дена

Со оваа екскурзија ќе го почувствувате огнениот темперамент на Андалузија со својата извонредна мавританска архитектура и убавите пејсажи на Португалија.

Во моментов нема слободни места

ТУРИСТИЧКА ПРОГРАМА
ДЕН
1
СофијаМалагаКордоба
~170 km

Поаѓање од аеродромот во Софија (Терминал 1) за Малага со лет на авикомпанијата "Wizz Air". Пристигнување на аеродромот во Малага. Поаѓање за Кордоба. Сместување во реонот на Кордоба / Антекера околу полноќ. Ноќевање.

2
КордобаЛисабон
~500 km

Појадок. Туристичка програма во Кордоба - поранешна престолнина (8 - 13 век) на Ал Андалуз, маварската држава на Пиринејскиот полуостров, град лоциран на брегот на реката Гвадалкивир со вистинска шпанска атмосфера. Пешачка прошетка во историскиот центар на градот: Катедралата “Мескита де Кордоба”, изградена за време на маврите како втора најголема џамија во светот по Мека и обновена во католичка црква во 13 век, а денес е катедрален храм на Архиепископот на Кордоба; тврдината "Алкасар"  од каде е предводена реконкистата на Гранада; римскиот мост и маварската заштитна кула "Калаора". Слободно време. Поаѓање за Португалија. Сместување во реонот на Лисабон. Ноќевање.

3
Лисабон

Појадок. Панорамски обиколка на Лисабон со локален водич: плоштадот "Маркеш де Помбал"; Квартот Бајша, реставриран по земјотресот во 1755 год.: плоштадите "Роси", "Фигеира" и "Комерсио", Статуата на морепловците, кулата "Белем" и манастирот "Жеронимош", кој се смета за ремек-дело на португалската мануелска уметност, чиј основоположник е кралот Мануел. Попладне - слободно време за посета на "Алфама" - стариот кварт на Лисабон, познат по тесните улички, традиционалните фадо ресторани и бројните барови, до каде искачувањето е со ретро трамвај - потребно е користење на локален и градски превоз. По желба, Фадо шоу со вклучени 2 пијалаци  (околу 22.00 ч. поаѓање од хотелот, 22.30 ч. пристигнување во ресторанот, околу 00.30 - 01.00 ч. враќање во хотелот). Ноќевање.

4
ЛисабонKоимбраАвеироПорто
~350 km

Појадок. Поаѓање за Коимбра - многу симпатичен град благодарение на неговата уникатна студентска атмосфера. Над градот се простира најстариот универзитет во Португалија (порано Кралската палата), во кој е сместена познатата барокна библиотека. Пешачка прошетка по тесните и мали улички на Коимбра: старата романска катедрала и "Бајша" или "долниот град", кaде што се наоѓа трговскиот дел на градот. Поаѓање кон Авеиро, нарекуван уште "Португалската Венеција" поради својот систем од канали и чамци слични на оние во Венеција. Поаѓање за Порто. Сместување во реонот на Порто. Ноќевање.

5
Порто

Појадок. Туристичка програма во Порто, втор град по големина во Португалија, вклучен во листата на светско наследство на УНЕСКО: Станицата “Сао Бенто”; камбанаријата на “Торе душ Клеригуш”; Катедралата, од каде по средновековните улици со гранитни куќи од 12 век се стига до крајбрежната улица "Дуеро". Слободно време во Порто или туристичка програма по желба. Ноќевање.

6
ПортоФатимаАлгарве
~585 km

Појадок. Поаѓање за Фатима - најпознатиот поклонички центар на Португалија. Заминување за Алгарвe - најјужната провинција на Португалија со престолнината Фаро. Сместување во реонот на Алгарвe. Ноќевање.

7
АлгарвеСевиљаГранада
~450 km

Појадок. Поаѓање за Севилја. Туристичка програма во Севилја - уникатен град, главен град на Андалузија, со монументални архитектонски и историски споменици: плоштад "Шпанија" - полукружниот комплекс оформен на местото каде во 1781 година е изгорена на клада последната вештерка; паркот "Марија Луиза", каде во 1929 год. беше спроведено латино - американското шоу; Златната кула - дванаесетстрана заштитна кула од 13 век; зградата на стоковата берза во која денес се чува архивата поврзана со отворањето и колонизацијата на Америка, како и дневникот на Кристофер Колумбо и мапата на светот на Хуан де ла Коса; палатата "Алкасар де Севиља" - една од најдобро зачуваните примери за стилот мудехар, омилено место на шпанското кралско семејство; Катедралата со гробот на Кристофер Колумбо, која според последните мерења е најголемата во светот и кулата "Хиралда", која за време на владеењето на Маврите била главното минаре на главната џамија. Слободно време. Поаѓање за Гранада. Сместување во реонот на Гранада во вечерните часови. По желба Фламенко шоу во пештерите на Сакрамонте со вклучен трансфер од и до хотелот, 1 пијалок (чаша вино, сангрија или пиво) и вечерен разглед на Албасин  - стара мавританска населба во Гранада, која што е вклучена во списокот на УНЕСКО. Ноќевање.

8
ГранадаМалагаСофија
~135 km

Појадок. Можност за посета со локален водич на "Аламбра" - средновековната резиденција на Маврите и импресивен комплекс од споменици, со импресивни палати на династијата Насриди и фантастични дворови, арки, фонтани и градините Хенералифе (За да можете да учествувате во оваа дополнителна услуга, поради ограничувањето на максималниот број учесници, потребно е да ја побарате услугата однапред, при потпишувањето на договорот). Поаѓање за Малага. Трансфер до аеродромот на Малага. Заминување за Бугарија со лет на авикомпанијата "Wizz Air". Пристигнување на аеродромот во Софија (Терминал 1).

СМЕСТУВАЊЕ
Хотел ***
Двокреветна соба со француски лежај/брачен кревет
вклучено во цената
Двокреветна соба со разделени легла
вклучено во цената
Дополнително трето легло во двокреветна соба
вклучено во цената
Еднокреветна соба
+€335
ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ
Посета на палатата "Аламбра", Хенералифе и палатата на Насридите со локален водич (со вклучена влезница) на турист при минимум 20 туристи. Максималниот број туристи за оваа услуга е 29. Ве молиме да резервирате на време!
€50.60
Чекиран багаж до 20 кг (во двете насоки) на турист - цената подлежи на дополнителна потврда кон моментот на побарување
€112
Доплата за соседни места во авионот (во двете насоки ) - на турист (подлежи на потврда)
€40
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
Авионски билет Софија - Малага - Софија на авиокомпанијата "Wizz Air" со вклучени аеродромски такси и 1 парче мал рачен багаж до 10 кг со димензии 40/30/20 см
Трансфер аеродром - хотел - аеродром
Транспорт по опишаната во Шпанија и Португалија маршрута со туристички автобус
1 ноќевање со појадок во хотел "Exe Cordoba" 4* / "MS Fuente Las Piedras" 4* (или слични) во реонот на Кордоба / Антекера
2 ноќевања со појадок во хотел "Vip Entrecampos" 4* / "Vip Executive Arts" 4* (или слични) во Лисабон
2 ноќевања со појадок во хотел "Rubens Hotels Gaia" 4* (или сличен) во реонот на Порто
1 ноќевање со појадок во хотел "Oceano Atlantico" 4* (или сличен) во реонот Алгарве
1 ноќевање со појадок во хотел со 4* во областа Гранада / Антекера
Туристичка програма со локален лиценциран туристички водич во Лисабон и Порто
Посета на Коимбра, Авеиро и Фатима
Пешачка прошетка во Севилја и Кордоба
Водач од Бугарија
Патничко осигурување со покритие до 30 000 EUR на осигурителна компанија "Сава осигурување".
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
PCR тест (ако е потребно)
Чекиран багаж до 10 кг, 20 кг или 32 кг
Туристичка такса за престој во Португалија: Лисабон - 4 EUR, Порто - 2,5 EUR, Алгарве - 1,5 EUR по турист на ноќевање. Таксата се плаќа индивидуално од туристите на рецепцијата на хотелот
Влезници за Џамијата - катедрала (10 EUR) и дворецот "Алкасар" (4,5 EUR) во Кордоба
Влезница за манастирот "Жеронимуш" (10 EUR), комбиниран билет за манастирот и Кулата "Белем" (12 EUR) во Лисабон
Влезница за Катедралата (9 EUR) и дворецот "Алкасар де Севилја" во Севилја (9,50 EUR)
Посета на палатата "Аламбра", Хенералифе и палатата на Насридите со локален водич во Гранада
Посета на Гранада
Прошетка со бродче по реката Дуеро во Порто
Посета на винарска изба со дегустација на портвајн во Порто
Градски транспорт во Лисабон (1,90 EUR еднонасочен билет, 6,5 EUR - еднодневна карта)
Бакшиши: 4 EUR на турист на ден за водич / возач (се плаќаат задолжително на лице место, на туристичкиот водич, во зависност од дадената услуга, во готово). Културните карактеристики на дестинацијата сугерираат плаќање на бакшиш во наведениот износ, што покажува почит кон работата на соодветните лица и остава пријатен впечаток
Влезници и билети за други музеи, објекти и настани, посетувани по желба и градски превоз
Такса за гориво
Лични трошоци
За лица над 65 години автоматски се додава доплата за осигурителна премија
КОРИСНА ИНФОРМАЦИЈА
За да се реализираат дополнителните услуги и настани по програмата, потребно е да ги побарате уште при склучувањето на договорот за организирано патување, бидејќи нивното спроведување е поврзано со првичните резервации.
За да го посетите дворецот Аламбра, Хенералифе и палатата на Насридите со локален туристички водич, треба да ја запишете оваа услуга при потпишување на договорот за организирано патување, бидејќи е поврзана со резервација и има ограничување на максималниот број туристи во група.
Авиокомпанијата го задржува правото на промена на часовите на летовите.
Музеите во Лисабон се затворени за посета во понеделник
Катедралата во Севилија во недела се отвара за посета после 14.30 ч.
Патувањето се спроведува при минимум 40 туристи.
Тврдината "Алкасар" во Кордоба е затворена за посета во понеделник.
Патувањето генерално не е погодно за лица со ограничена подвижност!
Медицински и здравствени услови:
Нема медицински и здравствени услови, поврзани со патувањето.
Визно – пасошки режим:
Македонските државјани, кои што патуваат за земјата, е потребно да поседуваат валиден пасош минимум 6 месеци од денот на влегување во земјата.
Други програми за Португалија »