Почетна
Екскурзии и одмори
Дестинации
Календар
Промоции
Жешки понуди
Хотелски резервациии
Авионски билети
Влез за клиенти
Продажни места и контакти
Промоции
Жешки понуди
Потврдени датуми
Календар
Празници

Одмор во ШПАНИЈА - Палма де Мајорка - Специјална програма за сите возрасти!

Софија – Палма де Мајорка – Софија

Одмор со авион
9 дена
од €599

Прекрасните плажи ја прават Палма де Мајорка една од најпознатите и најомилени дестинации во светот. Островот е прекрасно место за посета, благодарение на многуте атрактивни места собрани на својата мала површина. Со програмата која ви нудиме, ќе имате можност да се запознаете со културните знаменитости, прекрасните гратчиња и традициите на островот.

 

Палма де Мајорка е совршен избор за забава и уживање!

 

 

Nautic Hotel & Spa 4 *, Can Pastie

Локација:

Во малото одморалиште Кан Пастија, кое се наоѓа на периферијата на главниот град на островот, Палма. Тоа е на 2 км. од меѓународниот аеродром. Во близина има ресторани, продавници и барови.

Во хотелот: отворен базен, ресторан, турска бања, сауна.

Во собите: ТВ, клима уред, минибар, фен, сеф со доплата, балкон.

 

 

Хотел "Las Arenas" 4*, Кан Пастија

Локација:

Во малото одморалиште Кан Пастија, лоциран во предградието на главниот град на островот - Палма. Тоа е на 2 км. од меѓународниот аеродром. Во близина на хотелот има ресторани, продавници и барови.

Во хотелот: отворен базен, ресторан, сончева тераса со лежалки,

Во собите: ТВ, клима уред, минибар, фен, сеф со доплата, балкон.

ЦЕНИ И ДАТИ НА ПОАЃАЊЕ
Наведените цени се за едно лице за соодветното сместување.
ТУРИСТИЧКА ПРОГРАМА
ДЕН
1
СофијаПалма де Мајорка

Поаѓање во 18:00 ч. од аеродромот во Софија (Терминал 2) до Палма де Мајорка со директен лет на авиокомпанијата "Bulgaria Air". Слетување на аеродромот во Палма во 20:00 ч. Трансфер до хотелот. Сместување. Вечера. Ноќевање.

2
Палма де Мајорка

Појадок. Информативен состанок. Слободно време. Ручек. Екскурзија "Автентична Мајорка" (вклучена во цената): Се поминува низ планината Ранда, која се наоѓа помеѓу градовите Алгајда и Лукмајор. Највисоката точка е на 548 м. надморска височина, од каде во јасни денови се гледа речиси целиот остров (како и архипелагот Кабрера). Посета на Светилиштето на Пресвета Богородица Исцелителка. Таму се наоѓа пештерата во која Рамон Љул ги минува последните месеци од својот живот како пустиник во далечниот XII век. Целиот комплекс се состои од црква од средината на XVII век, Францискански манастир и аулата каде се предавала граматика, како и просториите кои биле населени од монасите во XVI век. Вечера. Ноќевање.

3
Палма де Мајорка

Појадок. Слободно време. Вечера. Ноќевање.



Туристичка програма по желба: Целодневна екскурзија до манастирот Лук, Форналуч и Соер со воз и автобус. Поаѓање од Палма де Мајорка со познатиот дрвен воз од 1912 година. Додека поминувате поред полиња со портокали, маслинки и бадем, ќе почувствувате како да сте во некој вестерн филм. Пристигнување во градот Соер, сместен во најплодната долина во Мајорка. Историскиот центар на градот е прекрасен пример за модернистичка архитектура, бидејќи е обликуван од архитекти кои работеле со Гауди и неговите следбеници. Поаѓање со автобус кон планината Трамунтана. Застанување во Форналуч - населба под заштита на УНЕСКО, со камени куќи, насликани ќерамиди, каде што е зачувана атмосферата на автентичната Мајорка. Посета на манастирот Лук- безсомнение духовниот центар на Мајорка. Најважното светилиште е статуата на Црната Мадона (Ла Марионета), за која се верува дека исполнува желби и лекува. Прошетка низ живописните планински села Селва и Каимари, со застанување во Инка- трети по големина град на островот и центарот на кожарската индустрија, чии производи се присутни на многу меѓународи модни подиуми. Посета на фабрика за кожа. Враќање во хотелот.

4
Палма де Мајорка

Појадок. Слободно време. Вечера. Ноќевање.


Туристичка програма по желба:


1.Полудневна екскурзија во главниот град Палма. Заминување од хотелот кон главниот град на Балеарските острови- Палма де Мајорка. Туристичка програма: “ Ла Сеу”, прошетка по тесните средновековни улички на старата Палма, Црквата “Света Јулија”, општината, зградата на парламентот на Балеарските острови, плоштад “ Хуан Карлос I’’, средновековниот замок “ Белвер”, лоциран на блискиот рид, со уникатна готска архитектура и сведок на времето, кога Мајорка била независно кралство на Медитеранот. Враќане во хотелот.


2. Вечерно шоу Сон Амар

5
Палма де Мајорка

Појадок. Слободно време. Вечера. Ноќевање.


Туристичка програма по желба: Полудневна екскурзија до пештерите Драк и фабриката за бисери. Поаѓање во вториот по ред град на островот- Манакор. Застанување во фабриката за бисери “Махорика”. Посета на пештерите Драк- грандиозни и збогатени со карстни форми на Мајорка. На крајот од прошетката ќе сигнете до амфитеатарска сцена пред големо подземно езеро со чиста вода. Ќе се нурнете во спокојна атмосфера во придружба на музиката од Шопен, Мартини, Кабајеро и Офенбах. Застанување на пристаништето во Порто Кристо, најзначајното крајбрежје со луксузни јахти и прекрасен поглед. Враќање во хотелот.

6
Палма де Мајорка

Појадок. Слободно време. Вечера. Ноќевање.


Туристичка програма по желба : Целодневна екскурзија до Алкудија, Нос Форментор и Поенса. Поаѓање за северниот дел на Мајорка. Застанување во фабриката за кожа во градот Инка - центар на кожната индустрија. Екскурзијата продолжува кон градот Алкудија, познат по својата арена за корида, ѕидовите на тврдината, неоренесансно-барокната црква “Света Хајме”и традиционалниот пазар за типични за регионот производи и ракотворби. Ќе достигнеме до заливот Појенса и полуостровот Форментор, кој се смета за едно од најубавите места. Пауза за фотографирање на видиковецот "Ес Коломер", каде што се отвара прекрасен поглед кон малото истоимено островче. По желба, можност за патување со бродче наместо со автобус од заливот Појенса до Нос Форментор (карта за бродчето: 8-10е, се плаќа на лице место.). Поаѓање кон планинскиот град Појенса, омиленото место за творење и инспирација на писатели и уметници. Тука Агата Кристи го пишува романот “Проблем во Појенса”. Враќање во хотелот.

7
Палма де Мајорка

Појадок. Слободно време. Вечера. Ноќевање.


Туристичка програма по желба : Полудневна екскурзија до Валдемоса. Градчето Валдемоса е оддалечено 17 км. од главниот град Палма. Прошетка низ тесните камени улички, посета на Валдемоскиот манастир, каде за време на зимата 1838-1839 година живееле Фредерик Шопен и Џорџ Санд. Враќање во хотелот.

8
Палма де МајоркаСофија

Појадок. Напуштање на собите. Трансфер до аеродромот. Поаѓање во 21:10 ч. за Бугарија со лет на авиокомпанијата "Bulgaria Air".

9
Софија

Пристигнување на аеродромот во Софија (Терминал 2) во 00:50 ч.

ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ
Сместување во соба со поглед кон морето во хотел “Las Arenas” 4 * (по лице во двокреветна соба; неопходна е потврда од хотелот) 110.00 лева.
€56
Сместување во соба со поглед кон морето во хотел Las Arenas 4 * (по лице во еднокреветна соба, неопходна е потврда од хотелот)
€112
Гарантиран трансфер Скопје - аеродром Софија - Скопје при минумум 6 туристи за дати 23.04, 30.04, 07.05 и 14.05.2019 г.
€20
Полудневна екскурзија до пештерите Драк и фабриката за бисери при минимум 25 туристи
€45
Целодневна екскурзија до манастирот Лук, Форналуч и Соер со воз и автобус при минимум 25 туристи
€60
Полудневна екскурзија во главниот град Палма при минимум 25 туристи
€28
Целодневна екскурзија до Алкудија, Нос Форментор и Поенса при минимум 25 туристи
€40
Полудневна екскурзија до Валдемоса при минимум 25 записани туристи
€40
Вечерно шоу “Сон Амар” при минимум 30 записани туристи
€71
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
Авионски билет Софија - Палма - Софија за директен лет на авиокомпанијата "Bulgaria Air", со вклучени аеродромски такси, чекиран багаж до 23 кг. и рачен багаж до 10 кг
Трансфер аеродром - хотел - аеродром
7 ноќевања на база полупансион во хотелот "Las Arenas" 4 * (или сличен) во Кан Пастија, Палма
1/4 л вода и 1/4 л вино на турист по време на вечерите
Полудневна екскурзија "Автентична Мајорка" со водич на бугарски/македонски/срппски јазик
Асистенција на бугарски/македонски/српски јазик за време на целиот престој
Патничко осигурување со покритие до 30 000 EUR на осигурителна компанија "Сава осигурување"
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Туристичка такса за престој (се плаќа од страна на туристите на рецепција во хотелот): 2 EUR за турист на ден.
Еко такса (се плаќа од страна на туристите на рецепција во хотелот): од 0,50 евра до 2 евра по турист на ден за деца под 16 години - не се плаќа
Градски и локален транспорт
Трошоци од лична природа
Влезница за катедралата "Ла Сеу" (7 евро)
Дополнителни услуги и екскурзии по програмата. Цените на екскурзиите добавени на место се на на повисока цена и се во евра!
Бакшиши за водич / шофеор (се плаќа на место): 1-5 EUR на турист на ден
За лица над 65 години, автоматски се додава доплата за осигурителна премија
КОРИСНА ИНФОРМАЦИЈА
Услови за плаќање: при резервација - 35% од вкупниот износ; доплата до 100% - до 30 дена пред датумот на заминување.
Услови за откажување: до 31 ден - 35% од основната цена; од 30 до 1 дена - 100% од вкупната цена.
Попустот за деца важи за возраст од 2 г. до 12 години!
За време на дополнителните екскурзии не следуваат ланч пакети.
Дополнителните екскурзии се резервираат и плаќаат на лице место во евра. Наведените цените во програмата подлежат на промена.
Редоследот на екскурзиите се одредува на лице место. Организаторот го задржува правото да ги менува правците на движење и распоредот или да премести патување за друг ден, кога климатските услови го налагаат тоа, а со цел да се гарантира безбедноста и квалитетот на услугата.
Авиокомпанијата го задржува правото да го смени времето на летот.
Екскурзијата се спроведува при минимум 40 регистрирани туристи.
Патувањето генерално не е погодно за луѓе со намалена подвижност!
Медицински и здравствени услови
Не постојат медицински и здравствени услови поврзани со патувањето.
Визно пасошки режим
Македонските државјани кои патуваат во земјата треба да имаат важечки пасош најмалку 6 месеци по датумот на влегување во земјата.
Патувањето се спроведува при минимум 40 регистрирани туристи.
Други одмори во Шпанија »