Почетна
Екскурзии и одмори
Дестинации
Календар
Промоции
Жешки понуди
Хотелски резервациии
Авионски билети
Влез за клиенти
Продажни места и контакти
Промоции
Жешки понуди
Потврдени датуми
Календар
Празници

Одмор во Италија, АПУЛИЈА - хотел Grand Hotel dei Cavalieri 4*

Рани резервации!

Софија – Бари – Кампомарино ди Маруджо – Матера – Алберобело – Локоротондо – Остуни – Мартина Франка – Галиполи – Песколюзе – Санта Марија ди Леука – Таранто – Лече – Отранто – Кампомарино ди Маруџо – Бари – Софија

Одмор со авион
8 дена
од €490

Хотел "Grand Hotel dei Cavalieri“ 4 *

Кампомарино ди Маруджо, АПУЛИЈА


 Локација

 

Хотел "Grand Hotel dei Cavalieri" 4 * е лоциран во западниот дел од италијанската чизма, во туристичката населба Кампомарино ди Маруджо - едно од познатите морски летувалишта во реонот на Таранто, на околу 15 км од градот Мандурија, познат по исклучителното вино "Primitivo di Manduria" и околу 40 км од центарот на историскиот град Таранто. Аеродромот во Бари е на околу 150 км. Локацијата е многу добра за истражување на некои од најатрактивните знаменитости во регионот на Апулија. Во близина на хотелот има автобуска станица до Таранто (цена: околу 3 евра во правец). Од центарот на Кампомарино ди Маруджо има превоз со автобус до Мандурија и Маруджо. Во рамките на 1,8 км од хотелот има ресторани, пицерии, кафулиња, барови, супермаркет, продавници, фризер.

 

Хотел

 

Лоциран во близина на плажата, хотелот нуди одлични услови за релаксација на плажа.

За да се понуди пријатен престој на гостите, хотелот располага со 24-часовна рецепција, два лифта, лоби бар, бесплатен Wi-Fi во собите и во заедничките простории, добро опремен СПА центар и голем надворешен базен, погоден за мали и големи, бар од базенот, бесплатен паркинг.

Разновиден и богат појадок е достапен на блок маса во сала на 4 кат со убава панорама. Појадокот трае од 7:30 ч. до 10:00 ч. и вклучува леб, колбаси, јајца, сирење, јогурт, различни тестенини, колачи, мусли, свежо овошје, овошен сок, кафе, млеко и чај.

Вечерата се служи на блок маса во ресторанот, служејќи домашна и национална кујна. Услугата трае од 19:30 ч. до 21:00 ч.

По желба може да се обезбеди вегетаријанско, веганско или глутенско мени.

За ручек, можете да ги користите услугите што ги нуди ресторанот на хотелот и барот на плажа (со доплата).  

 

Соби

 

Комплексот располага со главна зграда и неколку двоспратни вили. Сместувањето е врз оснва на капацитетот на слободни соби!

Сите соби се модерно опремени и имаат телевизор, минибар, централна климатизација со индивидуално прилагодување, сеф, купатило со туш, фен, бесплатен Wi-Fi , теракотен под. Постојат и соби за туристи со ограничена подвижност, по претходно барање и потврда од хотелот!

Собите се наоѓаат на 1, 2 и 3 спрат и имаат балкон или тераса. Максимален капацитет за сместување: 2+1. Екстра кревети се софа кревет, фотелја или кревет на расклопување.

По желба и претходно барање може да се обезбеди и бебешко креветче со доплата од 5 евра дневно.

 

Еднокреветните соби се ограничени и се по потврда!

 

Плажа

 

Хотелот има сопствена песочна плажа, која е оддалечена околу 600 метри во тивка, зелена околина на одморалиштето. До плажата се стигнува со бесплатен превоз или пеш за околу 15-20 минути по шеталиште по должината на идиличните вили за одмор. Плажата е опкружена со борова шума и е опремена со бесплатни чадори и лежалки - 1 чадор и2  лежалки на соба. Барот на плажата нуди освежителни пијалоци, како и лесни ужини. Пешкири за плажа може да се изнајмуваат од хотелот по цена од околу 2-3 EUR.

 


ЦЕНИ И ДАТИ НА ПОАЃАЊЕ
Наведените цени се за едно лице за соодветното сместување.
ТУРИСТИЧКА ПРОГРАМА
ДЕН
1
СофијаБариКампомарино ди Маруджо

Поаѓање од Терминал 1 на аеродромот во Софија со директен лет на авиокомпанијата "Wizz Аir" во 12:55 ч. Слетување на аеродромот во Бари во 13:20 ч. Бери е пристаниште и град - област, втор по значење економски центар во јужна Италија, просперитетен благодарение на транспортот и туризмот. Ова го прави и жив, добредојден и интересен за посета. Во новиот дел на градот се главно административни згради, продавници со светски брендови, барови, ресторани и убави паркови.


Пешачки разглед во историскиот центар на градот (вклучен во цената). Тука е катедралата “Св. Савин”, изградена кон крајот на 12 век во романски стил. Денес таа блеска со светлата фасада и елегантниот ентериер со барокни елементи додадени во 18 век. На неколку чекори од катедралата се наоѓа тврдината во Бари "Нормано Свево" од 12 в. , која неколку пати ги промени своите функции и управување и денес е место за организирање уметнички изложби и културни настани. Пешачкиот разглед по тврдината открива прекрасни погледи на градот, Јадранското Море и пристаништето на Бари. Интересно место за посета е и базиликата “Св. Никола”, каде што се чуваат моштите на светителот, заштитник на морнари, затвореници и деца. Осветена е во 1087 год, но останува недовршена до 1197 год. но сепак тоа е едно од најголемите достигнувања на италијанската романска архитектура  во Апулија. Зад секој агол во стариот дел на градот се кријат мали дуќанчиња за сувенири и вино, ресторани, каде што се служат традиционалните паста и фокача, а мирисот кој доаѓа од кафулињата, ве повикува да влезете и да пробате вистинско италијанско кафе послужено со топка сладолед или чоколадна торта .


Трансфер до хотелот. Сместување. Вечера. Ноќевање.

2
Матера

Појадок. Информативна средба. Слободно време. Вечера со вклучени вино и вода. Ноќевање.


Туристичка програма по желба и претходна резервација:


Целодневна екскурзија до Mатера на бугарски/македонски/српски јазик. Екскурзијата се спроведува при минимум 20 пријавени туристи.


Матера се смета за светско наследство на УНЕСКО. Неговото потекло датира од времето на палеолитот кога неговите први жители ги населиле природните пештери во кањонот на реката “Гравина”. Со векови ги проширувале своите таканаречени "саси", копајќи внатре во карпата или градејќи камени предворја за нивните засолништа. Условите за живот во сасите не се менуваат, додека во почетокот на 50-тите години на 20 в. италијански интелектуалци апелираат за владина интервенција. Со државно финансирање на оние што живеат во пештерите се обезбедени современи живеалишта. Античкиот дел на градот останува ненаселен и луѓето го нарекуваат мртов град. "Мртвиот" период продолжува додека киното не почне да се интересира за Матера. Во денешно време, напуштените саси уште еднаш оживуваат како продавници, ресторани, енотеки, дури и како луксузни хотели. Пешачки разглед во историскиот центар со можност за посета на музејот "Саси" (дополнително се плаќа влезница: 3 евра за турист).



* Влезница за карпестите цркви: од 2,50 до 6 EUR.

3
АлберобелоЛокоротондо

Појадок. Слободно време. Вечера со вклучени вино и вода. Ноќевање.


Туристичка програма по желба и претходна резервација:


Целодневна екскурзија до Алберобело и Локоротондо на бугарски/македонски/српски јазик. Екскурзијата се спроведува при минимум 20 пријавени туристи.


Пешачки разглед во градот на Трулите - Алберобело. Трулите се специфични куќички кои ја наследиле праисториската градежна традиција. Се состојат од цилиндрична основа со ѕидови дебели до 1 метар и конусен покрив од варовни плочи на неколку слоја. Иако се изградени без лемење, тие опстојуваат и денес. Најимпресивен е градскиот музеј "Територио", кој е составен од 10 трули( куќички), обединети во едно, и ja презентира историјата на трулите и нивните жители. Катедралата на гратчето е посветена на светците Козма и Дамјан и се одликува со неокласичната фасада од 18 век. Во близина на главниот плоштад се наоѓа црквата "Санта Лучија" од почетокот на 19 в.


Посета на Локоротондо – пешачки разглед низ улиците на гинисовиот рекордер за најмногу букви "о" во името. Чудното име кое значи "кружно место", потекнува од исто толку интересниот историски центар со тркалезна форма. Локоротондо е исто така познат како град на балконите и една од 36-те најубави општини во Италија. Тука, не само куќите што имаат броеви, туку и секој балкон е нумериран.


* Влезници за Музејот на трулите во Алберобело: 3 евра.

4

Појадок. Слободно време. Вечера со вклучени вино и вода. Ноќевање.


Туристичка програма по желба и претходна резервација:


Целодневна екскурзија до Остуни и Мартина Франка на бугарски/македонски/српски јазик. Екскурзијата се спроведува при минимум 20 туристи.


Пешачки разглед во историскиот центар на Остуни, честопати нарекуван "Белиот град" и познат по своето производство на вино, висококвалитетно маслиново масло и карактеристична архитектура во бела боја. Денес најзначајни за посета во Остуни се катедралата “Успение Богородично”, Епископската палата и многу сочувани палати на аристократски семејства. До почетокот на вториот милениум катедралата функционирала како православна црква, а во 13 в. Фридрих II ја претвора во католичка. По претрпен земјотрес во 15 век, црквата била повторно изградена во готски стил.




Посета на Мартина Франка - шармантен кој се наоѓа во волшебната долина Итриа. Тој е втор најважен од барокната уметност во Апулија по градот Лече. Историскиот центар на Мартина Франка е одличен пример за барокна архитектура која доминира во градот со своите прекрасни домови, цркви, палати и плоштади.

5
ГалиполиПесколюзеСанта Марија ди Леука

Појадок. Слободно време. Вечера со вклучени вино и вода. Ноќевање.


Туристичка програма по желба и претходна резервација:


Целодневна екскурзија до Галиполи, Песколузе, Санта Марија ди Леука на бугарски/македонски/српски јазик. Екскурзијата се спроведува при минимум 20 пријавени туристи.


Пешачки разглед во историскиот дел на Галиполи. Градот неверојатно потсеќа на Несебар со својот современ изглед, поврзани со мост со стариот дел. Основан e од Месапите и се развивал како воено седиште и трговско пристаниште за време на Римската империја и средниот век. Галиполи го постигнува својот економски процут во 16 в., кога станува најконкурентен на пазарот за маслиново масло во Медитеранот. Сеуште можете да видите подземни преси за екстракција на маслиново масло, кое се користело како гориво пред откривањето на нафтата. Денес, од голем интерес е византиската тврдина од 13 век, која е реконструирана од арагонците. Едно од најмистериозните места во градот е грчката фонтана, која некогаш се сметала за најстара во Италија, а датумот не се знае до денес.


Време за плажа во одморалиштето Песколузе - најнеодолив дел од Апулија, нарекуван "Малдиви на Саленто" поради плажата долга 8 километри. Прекарот му е сосема оправдан поради тиркизните води и пенливи убави песоци на егзотични ширини. Зајдисонцето ја покрива широката плажа и над водата остануваат само врвовите на дините кои личат на расфрлани песочни острови. На дините е зачувана природната вегетација.


Посета на Светилиштето на “Финибус Тера” во Санта Марија ди Леука, познато како " Светилиште на крајот на светот". Интересно е што постои светилиште со исто име на другиот крај на Стариот свет - на северозападниот крај на Британија.

6
Таранто

Појадок. Слободно време. Вечера со вклучени вино и вода. Ноќевање.



Туристичка програма по желба и предходна резервација:



Полудневна екскурзија до Таранто на бугарски/македонски/српски јазик. Се спроведува при минимум 20 регистрирани туристи.



Таранто е единствената колонија, основана од Спарта во 706 година пр. Хр. Грчките колонисти го нарекле градот по името на митолошкиот херој Тарас (син на Посејдон и нимфата Сатирија), а потоа Римјаните го менуваат на Тарантум. Во првите два века по своето основање градот бил еден од најбогатите населени и моќни полиси на Магна Греција. Низ вековите Таранто бил под власта на картагенците, остготите и римјаните. Само неколку урнатини, вклучувајќи дел од градскиот ѕид, две колони од храм и неколку гробови, денес се зачувани од стариот грчки град. Пешачки разглед  во стариот дел на Таранто. Слободно време.



 

7
ЛечеОтранто

Појадок. Слободно време. Вечера со вклучени вино и вода. Ноќевање.


Туристичка програма по желба и претходна резервација:


Целодневна екскурзија до Лече и Отранто (со дегустација на кафе "Leccese" (со бадемово млеко) и слатки во Лече) на бугарски/македонски/српски јазик. Екскурзијата се спроведува при минимум 20 пријавени туристи.


Посета на Лече со дегустација на кафе "Leccese" (со бадемово млеко) и слатки. Лече е познат како "Фиренца на Апулија" поради зачуваните богатства од ремек-дела на архитектурата и уметноста, каде меѓу хармонична мешавина од стилови преовладува барокна архитектура. Интересни знаменитости во Лече се катедралата "Успение Богородично", епископската палата, црквата "Богородица на благодетта", градската тврдина, окружниот музеј, римскиот театар и колоната на “св. Орондзо”, подарена од градот Бриндизи во чест на светиот заштитник на Лече. За време на разгледот се застанува на плоштадот пред катедралата и во црквата “Светиот крст”.


Разглед на Отранто, каде што можете да ја почувстувате јужната италијанска атмосфера.Оттука поминувал еден од главните патишта на Римската империја , а градот послужил како појдовна точка за офанзива на Балканот. Добро сочуван е средновековниот арагонски дворец, овековечен во првиот готски роман во историјата "Замокот на Отранто" на англискиот писател Хорас Уолпоул. Значајно обележје е катедралата "Благовештение", во која се чува еден од најубавите подни мозаици од средниот век, како и колони, за кои се верува дека се донесени од храмот на Минерва. Пешачки разглед во историскиот центар на Отранто со посета на катедралата со еден од најубавите мозаици на средниот век.

8
Кампомарино ди МаруџоБариСофија

Појадок. Напуштање на хотелот. Трансфер до аеродромот во Бари. Поаѓање за Бугарија во 13:50 ч. со директен лет на авиокомпанијата "Wizz Air". Слетување на аеродромот во Софија, Терминал 1 во 16:10 ч.

ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ
Гарантиран трансфер Скопје - аеродром Софија - Скопје при минумум 6 туристи за дати 01.05, 19.05 и 26.05.2019 г.
€40
Целодневна екскурзија до Матера на бугарски/македонски/српски јазик. Екскурзијата се спроведува при минимум 20 пријавени туристи
от 12 г.
€41
от 2 г. до 11 г.
€20
Целодневна екскурзија до Алберобело и Локоротондо на бугарски/македонски/српски јазик. Екскурзијата се спрведува при минимум 20 пријавени туристи.
от 12 г.
€49
от 2 г. до 11 г.
€24.50
Целодневна екскурзија до Остуни и Мартина Франка на бугарски/македонски/српски јазик. Се спроведува при минимум 20 регистрирани туристи.
от 12 г.
€46
от 2 г. до 11 г.
€23
Целодневна екскурзија до Галиполи, Песколузе, Санта Марија ди Леука на бугарски/македонски/српски јазик. Екскурзијата се спроведува при минимум 20 пријавени туристи
от 12 г.
€50
от 2 г. до 11 г.
€25
Полудневна екскурзија до Таранто на бугарски/македонски/српски јазик. Се спроведува при минимум 20 регистрирани туристи.
от 12 г.
€30
от 2 г. до 11 г.
€15
Целодневна екскурзија до Лече и Отранто (со дегустација на кафе "Leccese" (со бадемово млеко) и слатки во Лече) на бугарски/македонски/српски јазик. Екскурзијата се спроведува при минимум 20 пријавени туристи
от 12 г.
€54
от 2 г. до 11 г.
€27
Пакет од 3 екскурзии: Матера; Остуни и Мартина Франка; Лече и Отранто. Екскурзиите се спроведуваат на бугарски/македонски/српски јазик при минимум 20 регистрирани туристи.
от 12 г.
€128
от 2 г. до 11 г.
€64
Пакет од 4 екскурзии: Матера; Остуни и Мартина Франка; Лече и Отранто; Галиполи, Песколузе, Санта Марија ди Леука . Екскурзиите се спроведуваат на бугарски/македонски/српски јазик и при минимум 20 регистрирани туристи.
от 12 г.
€174
от 2 г. до 11 г.
€87
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
Авионска карта Софија - Бари - Софија на авиокомпанијата "Wizz Air" со вклучени аеродромски такси
Рачен багаж со размери 40x30x20 cm. до 10 кг и чекиран багаж до 20 кг
Трансфер аеродром - хотел - аеродром
7 ноќевања во стандардни соби со балкон или тераса во Grand Hotel dei Cavalieri 4 *
7 појадоци и вечери на шведска маса со вклучени 1/4 литри вино и 1/2 литри вода за време на вечерата
Пешачки разглед во историскиот дел на Бари
Користење на чадори и лежалки покрај базенот
Чадор и две лежалки на плажа по соба
Трансфер до и од плажа
Патничко осигурување со покритие до 30 000 евра на Осигурителната компанија "Сава Осигурување"
Асистенција за време на целиот престој
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Гарантиран трансфер Скопје - аеродром Софија - Скопје при минумум 6 туристи за дати 01.05, 19.05 и 26.05.2019 г.
Туристичка такса (се плаќа на рецепција и се одредува од локалната општинска администрација).
Дополнителни услуги и екскурзии по програмата
Градски локален превоз
Трошоци од лична природа
Влезници за музеи, локации и настани за време на екскурзиите и други посети
Бакшиш за водич / возач
Користење на пешкир за плажа: 2-3 евра при земање и за секоја промена
Детско креветче: 5 евра за вечер (неопходно е да се најави однапред и се плаќа на лице место при прием на хотелот)
За лица над 65 години автоматски се додава доплата за осигурителна премија.
КОРИСНА ИНФОРМАЦИЈА
Деца под 2 години, без да користат кревет и седиште во авионот, плаќаат само аеродромска такса во износ од 55 евра.
Резервации: депозит 35% од основната цена + вредноста на бараните дополнителни услуги при резервација; доплата до 30 дена пред датумот на поаѓање.
Откажување: До 31 ден пред датумот на поаѓање - 35% од основната цена; од 30-тиот ден до денот на поаѓање - 100% од вкупната цена.
Организаторот го задржува правото да менува правци и часови или да премести еекскурзии за друг ден, кога климатските услови го бараат тоа, за да се гарантира безбедноста и квалитетот на услугата.
Патувањето генерално не е погодно за лица со намалена подвижност
МЕДИЦИНСКИ И ЗДРАВСТВЕНИ УСЛОВИ
Италија: Нема медицински и здравствени услови поврзани со патувањето.
Визно - пасошки режим
Италија: Македнските граѓани кои патуваат во земјата треба да имаат важечки пасош најмалку 6 месеци по датумот на влегување во земјата.
Други одмори во Италија »