Почетна
Екскурзии и одмори
Дестинации
Календар
Промоции
Жешки понуди
Хотелски резервациии
Авионски билети
Влез за клиенти
Продажни места и контакти
Промоции
Жешки понуди
Потврдени датуми
Календар
Празници

Најдоброто од Виетнам и Камбоџа

Гарантирани места!

Софија – Истанбул – Ханој – Халонг – Ханој – Хо Ши Мин – Куши – Хо Ши Мин – Делтата на река Меконг – Хо Ши Мин – Сием Рип – Анкор – Сием Рип – Хо Ши Мин – Истанбул – Софија

Екскурзија со авион
10 дена
од €1980

Хотел "Flower Garden Hotel" 4* вo Ханој

Во хотелот: неколку ресторани, пијано бар, фитнес центар, банкомат

Во собите: туш, кафе машина, кабловска, сеф, електричен бокал, бесплатен WiFi е достапен во сите соби.

 

Хотел „Vissai Saigon“ 4 * во Хо Ши Мин

Во хотелот: ресторан, СПА, фитнес центар, отворен базен, бар, интернет - достапен низ целиот хотел.

Во собите: клима, сателитска ТВ, минибар, фен

 

Хотел "Somadevi Angkor Hotel and SPA" 4* вo Сием Реап
Во хотелот: ресторан, отворен базен, СПА, фитнес центар, интернет - достапен низ целиот хотел

Во собите: бања, сеф, клима, мини бар, ТВ, телефон, фен

ЦЕНИ И ДАТИ НА ПОАЃАЊЕ
21.10.2020 г.
€1980
РАНИ РЕЗЕРВАЦИИ
01.11.2020 г.
€1980
РАНИ РЕЗЕРВАЦИИ
13.02.2021 г.
€1980
РАНИ РЕЗЕРВАЦИИ
01.03.2021 г.
€1980
РАНИ РЕЗЕРВАЦИИ
24.04.2021 г.
€1980
РАНИ РЕЗЕРВАЦИИ
ТУРИСТИЧКА ПРОГРАМА
ДЕН
1
СофијаИстанбул

За дата на поаѓање 03.11.2019 г.; Поаѓање од Терминал 2 на аеродром Софија во 21:40 ч. за Истанбул со лет на авиокомпанијата „Turkish Airlines“. Слетување во Истанбул во 23:05 ч.


За дати на поаѓање 07/02/2020; 15/02/2020; 23/02/2020; Поаѓање од Терминал 2 на аеродром Софија во 12:25 ч. за Доха со лет на “Qatar Airways”. Слетување во Доха во 18:15 ч. Поаѓање во 20:50 ч. за Ханој.

2
ИстанбулХаној

За дата на поаѓање 03.11.2019; Поаѓање од аеродромот во Истанбул во 02:15 ч. за Ханој. Пристигнување на аеродром ‘‘Ној Бај‘‘ во Ханој во 16:20 ч.


За дати на поаѓање 07/02/2020; 15/02/2020; 23/02/2020; Пристигнување во Ханој во 07:25 ч.


Трансфер до хотелот. Приквечер, туристичка програма во Ханој со локален водич: езерото Хоан Кием, што во превод од виетнамски значи „езерото на вратениот меч“ ("Lake of the Returned Sword"); Храмот „Нгок Сон“ (Храмот на планината од нефрит) посветен на националниот херој Тран Хунг Дао; Стариот кварт. Вечера во локален ресторан, со посета на водeно шоу со кукли („Water Puppet“) со вклучен пијалок за „добредојде“. Ноќевање.

3
ХанојХалонгХаној

Појадок. Во 8:00 ч. поаѓање за заливот Халонг, вклучен во Списокот на светското и културно наследство заради исклучителната убавина на океанот. Прошетка со туристички брод низ бројните острови и пештери. Ручек со морски плодови на бродот. Екскурзија до пештерите Тхиен Чунг или Даи Го (Пештерата на дрвените столбови) - некои од најубавите во заливот. Враќање во Ханој. Ноќевање.

4
ХанојХо Ши Мин

Појадок. Посета со локален водич на музејот и мавзолеот на Хо Ши Мин; Пагодата на една колона (Пагода на лотосот) - храм од големо значење за виетнамците, изграден од императорот Ли Тхаи Тонг во 11 век; Пагодата „Тран Куок”. Посета на Храмот на книжевноста - комплекс од пагоди со парк, изграден во 1070 г. и посветен на Конфучиј. Неколку години по неговата изградба на овој локалитет е основан првиот универзитет во Виетнам, каде синовите од мандарините го добивале своето образование. Универзитетот има пет внатрешни дворови кои ги прикажуваат петте основни елементи на природата - вода, дрво, оган, земја и метал. Особено интересни се камените sидови што се потпираат на грбот на желките насликани со имињата на поранешните воспитаници. Ручек во локален ресторан. Лет до град Хо Ши Мин. Сместување. Ноќевање.

5
Хо Ши МинКушиХо Ши Мин

Појадок. Поаѓање за Куши за посета на Воената база на Виетнамската армија - подземен град изграден во 1948 г. за време на виетнамскиот отпор против француската окупација и подоцна проширен за да смести повеќе од 10 000 луѓе за време на американската агресија. Делумно отворен за туристите во 1988 г. и до денес овој подземен комплекс со повеќе од 200 км тунели фасцинира со големината, а пред сè, со храброста и стоицизмот на виетнамскиот народ. Ручек во локален ресторан. Враќање во Хо Ши Мин. Панорамска обиколка на градот: зградата на поранешниот дворец (однадвор), кој е изграден во 1966 г. и делумно уништен во нападите на Северен Виетнам, но сепак е прекрасен пример за архитектурата од 60-тите; Воениот музеј; пазарот „Бен Тхан“, каде што ќе се потопите во секојдневниот живот на виетнамците и ќе можете да изберете подарок од изобилството на традиционални виетнамски сувенири, добра и производи. Ноќевање.

6
Хо Ши МинДелтата на река МеконгХо Ши Мин

Појадок. Поаѓање за Ми Тхо - главен град на провинцијата Тиен Жианг, островско пристаниште во делтата на Меконг. Прошетка со чамец по мал речен ракав до устието на реката Меконг и до островот Феникс. Пауза во традиционален ресторан со градина за типичен виетнамски ручек. Посета на овоштарници со пчелни фарми, каде можете да вкусите локален мед и медовина, да уживате во тропското овошје и традиционална музика. Ќе се запознаете со процесот на производство на кокосови бонбони. Поаѓање за Хо Ши Мин. По пат, посета на градина со бонсаи во Ми Тхо - уметност за одгледување мали копии на дрвја и грмушки, кои се среќаваат во природата. Традиционална вечера во локален ресторан. Ноќевање.

7
Хо Ши МинСием РипАнкор

Појадок. Трансфер до аеродромот за лет до Сием Реап, Камбоџа. Пристигнување во Сием Реап. Трансфер до хотелот. Посета на јужната порта на Ангкор Том; познатиот храм „Бајон“, изграден во 13 век, а најкарактеристично за храмот се многуте насмеани лица и барелјефи на кои се прикажани историски, митолошки и светски настани; храмот „Бапуон“; остатоците од Кралската палата, Терасата на слоновите - платформа од која ангорските кралеви гледале паради, процесии и игри; Терасата на лепрозниот крал, чие име потекнува од скулптурата на која е прикажан кралот Јасоварман Први, кој најголемиот дел од својот живот го посветил на создавање на комплекс храмот во Ангкор. Ручек во локален ресторан. Посета на „Ангкор Ват“ - најголемиот и најдобро зачуваниот кмерски храм, единствениот кој до ден денес ја задржува својата улога на важен религиозен центар, едно од најголемите чуда на светот, симбол на срцето и душата на Камбоџа. Набљудување на прекрасното зајдисонце од врвот на ридот Пном Бакхенг. Вечера со шоу на традиционални апсара танци. Ноќевање.

8
Сием Рип

Појадок. Поаѓање за познатиот храм Та Прохм, изграден во 1186 г. од кралот Џајаварман VII во чест на неговата мајка. Обгрнати од корените на огромните смокви, храмот до ден денес не е повторно изграден. Посета на храмот „Пре Руп“ - класичен храмски комплекс од 10 век посветен на Шива; „Источен Мебон“ – храм, изграден во Х в. од кралот Раџендраварман II во знак на почит кон неговите родители; „Неак Пеан“ - мал будистички храм со крстовидно расположени резервоари со кружен остров во средина. Ручек во ресторан “Bopha Ta Prohm”. Посета на Крован, кралската бања на Шрах Сранг и познатиот манастир „Бантај Кдеј“ (Banteay Kdei). Ноќевање.

9
Сием РипХо Ши МинИстанбул

Појадок. Прошетка со чамец во езерото Тонле Сап (Големото езеро во Камбоџа) - едно од најголемите во Азија. Крстарење покрај пловечките села полни со училишта, ресторани и болници. Слободно време за прошетка низ локалните пазари. Трансфер до аеродромот во Сием Реап и заминување за Хо Ши Мин. По пристигнувањето на аеродромот во Хо Ши Мин, туристите мора да останат во неговата транзитна зона.


За дата на поаѓање 03.11.2019 г.; Поаѓање за Истанбул во 21:40 ч.


За дати на поаѓање 07/02/2020; 15/02/2020; 23/02/2020; Поаѓање за Доха во 19:15 ч. Пристигнување во Доха во 23:55 ч.

10
ИстанбулСофија

За дата на поаѓање 03.11.2019 година; Пристигнување во Истанбул во 04:40 ч. Поаѓање од аеродромот во Истанбул во 07:45 ч. за Бугарија со лет на авиокомпанијата “Turkish Airlines”. Слетување на аеродромот во Софија (Терминал 2) во 09:05 ч.


За дати на поаѓање 07/02/2020; 15/02/2020; 23/02/2020; Поаѓање од Доха за Бугарија во 06:55 ч. со лет на авиокомпанијата “Qatar Airwais”. Слетување на аеродромот во Софија во 11:25 ч.

СМЕСТУВАЊЕ
Хотел 4 *
Двокреветна соба Superior/Deluxe со француски лежај
вклучено во цената
Двокреветна соба Superior/Deluxe со разделени легла
вклучено во цената
Еднокреветна соба Superior/Deluxe
+€270
ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ
Повеќекратна виза за Виетнам (се плаќа со депозитот)
$120
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
Авионски билет Софија - Истанбул - Ханој и Хо Ши Мин - Истанбул - Софија на авиокомпанијата "Turkish Airlines" во економска класа со вклучени аеродромски такси, рачен багаж до 8 кг и чекиран багаж до 30 кг за дата 03.11.2019 г.; за дати на поаѓање 07/02/2020; 15/02/2020; 23/02/2020 летот е со "Qatar Airways"
Авионски билети Ханој - Хо Ши Мин - Сием Реап - Хошимин на авиокомпанијата "Vietnam airline" со вклучени аеродромски такси, рачен багаж до 7 кг (со димензии 56х36х23 см) и чекиран багаж до 20 кг
2 ноќевања со појадок во хотел "Flower Garden Hotel" 4 * (или сличен) во Ханој
3 ноќевања со појадок во хотел "Vissai Saigon Hotel" 4 * (или сличен) во Хо Ши Мин
2 ноќевања со појадок во хотел "Somadevi Angkor Hotel and Spa" 4 * (или сличен) во Сием Реап
Трансфери аеродром - хотел - аеродром
6 ручеци, опишани во програмата
1 вечера во Ханој со претстава со кукли
1 вечера во локален ресторан во Хо Ши Мин
1 вечера со традиционални кмерски апсара танци
Опишаната туристичка програма во Ханој, Хо Ши Мин, тунелите Куши, делтата на Меконг, Сием Реап
Прошетка со туристички брод во заливот Халонг
Сите влезници за објектите опишани во рамките на програмата
Локални водичи на англиски јазик
Водач-преведувач од Бугарија
Едно шише минерална вода на ден
Сите локални и општински такси
Патничко осигурување со покритие до 30 000 EUR на осигурителна компанија "Сава осигурување".
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Виза за Камбоџа - 30 USD, визата се издава на аеродромот во Сием Реап / се плаќа на лице место, се пополнува формулар за виза, се предоставува валиден пасош и 2 (две) фотографии во боја со димензии 4 см/6 см
Виза за Виетнам - 120 USD, се издава однапред од Амбасадата на Виетнам во Софија
Дополнителни услуги и екскурзии по желба
Бакшиши (2 USD по лице на ден за туристички водич и 1 USD по лице на ден за возачот)
КОРИСНА ИНФОРМАЦИЈА
Цената на екскурзијата е калкулирана при цена на авионски билет Ханој - Хо Ши Мин - Сием Реап - Хо Ши Мин 418 USD со аеродромски такси и девизен курс 1 USD = 1,7 лв. При промена на курсот за повеќе од 6% и / или цената на авионскиот билет, туроператорот го задржува правото да ја коригира цената на екскурзијата во соодветната насока.
Екскурзијата се спроведува со минимум 15 туристи.
Девизен курс - 1 USD = 22363 VND (Виетнамски Донг)
Девизен курс - 1 USD = 4012 KHR (Камбоџански Риел)
Временска разлика: Северна Македонија 11 ч., Софија 12 ч., Виетнам 17 ч., Камбоџа 17 ч.
Патувањето генерално не е погодно за луѓе со намалена подвижност!
МЕДИЦИНСКИ И ЗДРАВСТВЕНИ УСЛОВИ
Виетнам, Камбоџа: Нема медицински и здравствени барања поврзани со патувањето.
Визно пасошки режим
Виетнам: Македонските државјани, кои патуваат во земјата треба да имаат важечки пасош најмалку 6 месеци по датумот на влегување во земјата и претходно издадена виза, добиена во дипломатските и конзуларните претставништва на земјата во странство.Агенцијата обезбедува дозвола (налог) за виза од партнерите. Потребни документи за издавање еднократна/ повеќекратна виза за Виетнам: 1 (една) фотографија во боја со димензии 4см/6 см, копија од лична карта, авионски билет, пополнет визен формулар, меѓународен пасош.
Камбоџа: За влез во Кралство Камбоџа потребна е виза. Камбоџанските власти издаваат визи на лице место по пристигнувањето на аеродромите „Пном Пен“ и „Сием Реап“ со надомест од 30 USD / едномесечна туристичка виза /. За таа цел е потребно да имате важечки меѓународен пасош и 2 фотографии во боја со димензии 4 см / 6 см. Внимание! Вашиот пасош мора да има најмалку една цела слободна страница на која ќе биде нанесена влезна виза за земјата. На грбот на оваа страница не треба да има друга виза, освен печати од гранична контрола. 
Патувањето се спроведува со минимум 15 туристи.
Други програми за Виетнам »