Почетна
Екскурзии и одмори
Дестинации
Календар
Промоции
Жешки понуди
Хотелски резервациии
Авионски билети
Влез за клиенти
Продажни места и контакти
Промоции
Жешки понуди
Потврдени датуми
Календар
Празници

Мароко - раскошот на градовите на империјата

Софија – Маракеш – Водопад Узуд – Маракеш – Рабат – Мекнес – Фес – Касабланка – Маракеш – Софија

Екскурзија со автобус и авион
9 дена
од €735

Ве покануваме во Мароко - уникатна и колоритна држава!

Еден живописен мозаик од разновиден и убав пејзаж, богата историја и неповторлива архитектура. Овде ве очекуваат древните арапски градови Касабланка, Маракеш, Фес, Рабат - различни и секој со своја уникатна атмосфера и ритам на живот.

ЦЕНИ И ДАТИ НА ПОАЃАЊЕ
06.10.2020 г.
€735
РАНИ РЕЗЕРВАЦИИ
ограничени места
06.04.2021 г.
€735
РАНИ РЕЗЕРВАЦИИ
13.04.2021 г.
€735
РАНИ РЕЗЕРВАЦИИ
20.04.2021 г.
€735
РАНИ РЕЗЕРВАЦИИ
27.04.2021 г.
€735
РАНИ РЕЗЕРВАЦИИ
ТУРИСТИЧКА ПРОГРАМА
ДЕН
1
СофијаМаракеш

Заминување од аеродромот во Софија (Терминал 1) во 15:00 ч. со директен чартер лет на авиокомпанијата "BH Air". Пристигнување на аеродромот во Маракеш во 17:30 ч. и пречек од страна на локалната агенција. Трансфер до хотелот. Сместување. Вечера и ноќевање.

2
Маракеш

Појадок. Можност за посета на градините на Мажорел (по желба, влезница со доплата од 7 евра). Приказната за градината започнува во далечната 1920 г., во екот на колонијалната ера. Токму тогаш Мароко е окупиран од Франција. Во истата година во Маракеш се доселил истакнат француски сликар - Жак Мажорел. Тој ја купува градината и има за цел да и даде нов живот - и успева. Жак Мажорел создава една мала оаза меѓу тешките услови на пустината - изградил базен, засадил кокосови палми, банани, бугенвилии. Денес уметникот е подзаборавен од историјата, но градината - не. И тоа благодарение на Ив Сен Лоран - дизајнер од светот на високата мода. Тој го презема стопанисувањето на градината во 1980 г., ја збогатува и не дозволува таа да потоне во заборав. Подоцна во градината е изграден и мал музеј посветен на исламската уметност.  Комбинирана тура (пешачка + автобус) на Маракеш, кој е нарекуван "Бисерот на југот". Градот e основан во XI век и е втората империјална престолнина - фасцинантна исламска и арапска архитектура, различни етнички групи, шарени пазари и интересни улички. Алморавидите кои се населиле на територијата на денешен Маракеш оставаат зад себе неверојатни палати и градини. Наутро посета на: џамијата Кутубија (разглед однадвор) - најголемата џамија во Мароко, градините Менара, гробниците на владетелите од династијата Са'адид и прекрасниот примерок за архитектура - дворецот Бахија и посета на најшарениот пазар на Мароко и познатиот плоштад "Џема Ел Фна", каде што никогаш не е здодевно – луѓе кои голтаат оган, раскажувачи на приказни, дресери на мајмуни, змиеукротители и секаков вид уметници. Враќање во хотелот. Вечера и ноќевање.


По желба и претходна резервација - вечера со фолклорна програма во ресторан "Chez Ali".

3
МаракешВодопад УзудМаракеш
~160 km

Појадок. Заминување кон едно од природните чуда на Мароко, имено водопадот Узуд. Самиот збор ouzoud доаѓа од берберски и значи "маслина" поради маслиновите дрвја овде. Тука можат да се видат Зелените градини, мелници, овоштарници и величествената клисура на реката Ел Адид (El Adid, во превод од арапски "Реката на робовите"). Насекаде демнат мајмуни кои бараат да грабнат нешто за јадење од туристите. Слободно време за ручек и за прошетка. Попладне - поаѓање за Маракеш. Вечера и ноќевање.

4
МаракешРабат
~325 km

Појадок. Заминување за Рабат - административната престолнина на Мароко, лоциран на Атлантскиот брег и на јужниот брег на реката Бу Регрег кој го одвојува градот од соседниот град Салер. Основањето на главниот град датира од 2 в. Пр. Хр., а во 1195 година, за време на владеењето на династијата на Алмохадите, Јакул ал Мансур проектира изградба на голем град со површина од 400 хектари, опкружен со ѕид со пет големи порти. Панорамски разглед на градот, вклучувајќи: Мавзолеум на Мохамед V, кулата на Хасан и кралскиот дворец (разгледување однадвор). Посета на Казба Удаиа, поминување низ пиратскиот град достигнувајки до местото со панорамски поглед на Рабат, град Салех и океанот. Сместување во хотел. Вечера и ноќевање.

5
РабатМекнесФес
~280 km

Појадок. Поаѓање за Мекнес - исто така нарекуван "Марокански Версај" - еден од четирите империјални градови кои за време на владеењето на Мулаи Исмаил биле главен град на Мароко. Кратка обиколка во градот. Слободно време за ручек.  Посета на рушевините на Волубилис. Поаѓање за Фес. Сместување во хотел. Вечера и ноќевање.

6
Фес

Појадок. Заминување за Фес. Следува ден кој е посветен на градот Фес, најстариот империски град и трет по големина во земјата по Касабланка и Рабат. Градот е основан во 790 г. во времето на Мулаи Идрис II по што станува религиозен центар на Мароко. Градот е поделен на три дела: Фес ел Бали - стариот дел кој е опкружен со ѕидови на тврдината и е дел од листата на историско наследство на УНЕСКО; Фес Геди - дел од новиот град Фес, вклучувајќи го т.н. Мела (еврејски кварт); Вила Нувел - најновиот дел од градот Фес, основан од Французите. Можност за посета на Средновековната Медина, Медресе Бу Инанија - изградена во периодот 1351-1356 година од Абу Инан Фарис син на султанот и во која се сместени образовно училиште и единствената џамија во Фес и една од ретките отворени за немуслимански туристи. Наспроти неа е хидрауличниот часовник со неверојатната структура Дар ал Магана. Турата продолжува со познатата фонтана Нежарин и трговската улица, која се смета за една од најубавите во Мароко. Попладнето – посета на типична фабрика за кожни производи. Враќање во хотелот. Вечера и ноќевање.

7
ФесКасабланка

Појадок. Патувањето продолжува кон Касабланка. Комбинирана тура (пешачка + автобус) низ Касабланка - најголемиот и најромантичен град во Мароко. Посета на Старата Медина; Мухамед V; трговска улица од 1930 година; плоштадот на Обединетите нации; најголемиот парк со палми “Арапска лига”. Турата продолжува со посета на џамијата „Хасан II“(разглед однадвор). Сместување во хотел. Вечера и ноќевање.

8
КасабланкаМаракешСофија

Појадок. Трансфер до аеродромот во Маракеш за чартер лет на авиокомпанијата "BH Air" во 18:30 ч. за Софија, Бугарија.

9
Софија

Пристигнување на аеродромот во Софија во 00:50 ч.

СМЕСТУВАЊЕ
Двокреветна соба со француски лежај/брачен кревет
вклучено во цената
Двокреветна соба со разделени легла
вклучено во цената
Дополнително трето легло
вклучено во цената
Еднокреветна соба
+€125
ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ
Виза за Мароко
€35
Вечера со фолклорна програма и шоу во ресторан "Chez Ali" при минимум 15 туристи
€50
Гарантиран трансфер Скопје - аеродром Софија - Скопје за дата 14.04.2020 г.
€45
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
Авионска карта Софија - Маракеш - Софија за директен чартер лет на авиокомпанијата "BH Air" со вклучени аеродромски такси
Чекиран багаж до 20 кг и рачен багаж до 7 кг со димензии до 60x40x30 см
Трансфер аеродром - хотел - аеродром
3 ноќевања во Маракеш во хотел "Farah Magrib" 4* (или сличен) со појадок и вечера
1 ноќевање во Рабат во хотел "Helnan Chellah" 4* (или сличен) со појадок и вечера
2 ноќевања во Фес во хотел "Wassim" 4* (или сличен) со појадок и вечера
1 ноќевање во Касабланка во хотел "Oum Palace" 4 * (или сличен) со појадок и вечера
Посета и разглед на Маракеш, Мекнес, Рабат, Фес и Касабланка
Посета на водопадот Узуд
Влезници за дворецот "Бахија" во Маракеш, медресе "Бу Инанија" во Фес и рушевините "Волубилис"
Сите трансфери, тури и посети опишани во програмата со лиценциран туристички водич и превод на бугарски
Општинска такса (1,76 € дневно)
Патничко осигурување со покритие до 30 000 EUR на осигурителна компанија "Сава осигурување".
Претставник на тур-оператор со бугарски јазик во текот на целиот престој
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Гарантиран трансфер Скопје - аеродром Софија - Скопје за дата 14.04.2020 г.
Вечера со фолклорна програма и шоу во ресторан "Chez Ali"
Дополнителни екскурзии; услуги кои се со доплата; лични трошоци
Влезници за градините на Мажорел (€ 7 / лице), влезници на џамијата "Хасан II" (12 € / лице) - се плаќа на лице место
Ручеци
Пијалоци во текот на оброците
Бакшиши за водич / возач: 15 евра по лице за целиот престој - се плаќа на лице место
За лица над 65 г. автоматски се додава доплата за осигурителна премија
Такса гориво - информациите за такса за гориво се добиваат до 21 ден пред датумот на заминување (ако има промена во цените на горивото и авиокомпанијата наплати таква)
Виза за Мароко
КОРИСНА ИНФОРМАЦИЈА
Начин на плаќање: при резервација - 35% од основната цена; доплата до 100% - до 30 дена пред датумот на поаѓање.
Услови за отказ: до 30 дена - 35% од основната цена; од 29 до 1 ден пред поаѓање - 100% од вкупната цена.
Авиокомпанијата го задржува правото да го менува распоредот на полети.
Можно е да се смени редоследот на разгледување на знаменитости од програмата.
Сите екскурзии се спроведуваат со локален туристички водич со лиценца и превод на бугарски јазик.
Патувањето се спроведуваа со минимум 30 пријавени туристи.
Патувањето генерално не е погодно за луѓе со намалена подвижност!
Медицински и здравствени услови:
Нема медицински и здравствени услови поврзани со патувањето.
Визно – пасошки режим
За македонски државјани за влез во Мароко потребна е виза.Туристичка агенција Бохемија посредува при поднесување документи за виза. Напомена: Визите се подигнуваат лично од туристите во амбасадата во Софија. Македонските државјани кои патуваат во земјата треба да имаат важечки пасош со важност од најмалку 6 месеци по планираниот датум на заминување.
Други програми за Мароко »