Почетна
Екскурзии и одмори
Дестинации
Календар
Промоции
Жешки понуди
Хотелски резервациии
Авионски билети
Влез за клиенти
Продажни места и контакти
Промоции
Жешки понуди
Потврдени датуми
Календар
Празници

Лисабон и Порто – авионска програма! Гарантирани места!

4 ноќевања во Лисабон и 3 ноќевања во Порто

Софија – Лисабон – Обидуш – Баталја – Назаре – Фатима – Синтра – Кашкаиш – Ешторил – Кабо де Рока – Kоимбра – Авеиро – Порто – Брага – Гимараеш – Лисабон – Софија

Одмор со автобус и авион
8 дена
од €761

Лисабон е главниот град на Португалија и несомнено еден од најинтересните градови во Европа. Лоциран е на седум ниски ридчиња кај сливот на реката Тежу во Атлантскиот Океан. Во центарот на Лисабон има широки, оградени со дрвја плоштади, тротоари со мозаици и улични кафулиња. Стариот град има неверојатна атмосфера - стрмни улици со пријатни ресторани, барови и продавници. Во 1755 г. поголемиот дел од Лисабон е уништен од катастрофалниот земјотрес, проследено со пожар и бранови цунами. Градот е обновен само за неколку години и денес има сè што е потребно за да се заљубите во него.  

Порто е град во северозападниот дел на Португалија, втор по големина во земјата. Градот е лоциран на брегот на океанот и на устието на река Дуеро, на што се должи и благата умерена клима. Историскиот центар на градот, со карактеристични стари куќи, чии фасади се покриени со шарени керамички плочки, е споменик на светската култура на УНЕСКО. Порто е антички град, но со младешки дух и неверојатна атмосфера. Тука има за секого по нешто - културни споменици, хармонија од древна и модерна архитектура, трговски улици, неверојатни глетки, песочни плажи, деликатесна кујна и традиционално вино ... Порто е награден за најдобра европска дестинација во 2012 и 2014 г.
  
хотел "TRYP Lisboa Caparica Mar" 4 * (Коста де Капарика, реон Лисабон)
 
Локација: Хотелот е лоциран на морскиот брег во Коста да Капарика, на најпознатата голема плажа во реонот на Лисабон која е покриена со фин песок. Центарот на Лисабон е оддалечен 15 км, а аеродромот е 20 км. На 7,5 км од хотелот има станица, од која може да се фати воз до центарот на главниот град.
Соби: Сите соби располагаат со клима уред, сателитска ТВ, телефон, бања со када, фен, мини бар, бесплатен Wi-Fi, балкон. Достапни се соби за непушачи, како и простории за тешко-подвижни луѓе.
Во хотелот: телевизиска сала, библиотека, продавници, бар, ресторан, а-ла-carte ресторан, снек-бар до базенот, надворешен базен, внатрешен базен со загревање на водата, фитнес сала, мини клуб, игралиште, бејбиситерка, бесплатен Wi -Fi на заедничките делови.
Плажа: чадори и лежалки со доплата (ориентациона цена: 5/7 евра на ден за лежалка или чадор).
 

хотел "Axis Ofir Beach Resort Hotel" 4 * (Еспосенде, реон Порто)
 
Локација: Хотелот е лоциран на брегот на морето, во туристичката зона на Eспосенде и е оддалечен 45 км од град Порто.
Соби: клима, сателитска ТВ, телефон, минибар, фен, балкон, бања со туш, бесплатен Wi-Fi.

Во хотелот: панорамски ресторан, снек бар, бар, отворен базен, СПА центар, градина, боулинг, 2 тениски игралишта, фудбалско игралиште, пинг-понг, ТВ сала, бесплатен Wi-Fi, вечерни забавни програми, жива музика, пеглање, перење, банкомат.


хотел "Axis Vermar Conference & Beach Hotel" 4*(Повоа де Варзим, реон Порто)

 

Местоположение:Хотелот е разположен на брегот на морето во крајбрежното одморалиште Повоа де Варзим, реонот на Порто. Центарот на град Порто е на 37 км од хотелот, а до таму има директна врска со метрото(се патува околу 35 мин. И цената на билет е 2.50 евро)

Во хотелот: основен ресторан, а-ла-карт ресторан, бар, снек-бар, базен, детски базен, детско игралиште, сончева тераса, градина, СПА центар со доплата (затворен базен, турска бања, парна бања, сауна, масажи), тениско игралиште, пинг-понг, rent a car, rent a bike, перална, конфетентна сала, продавници, бесплатен Wi-Fi.

Собите: Хотелот располага со 208 соби, сите удобно опремени со климатизација, телевизор, купатило, фен, телефон, минибар, електричен котел и бесплатен Wi-Fi.

Плажата: чадори и лежалки со доплата (ориентациона цена 5/7 евра на ден за лежалка или чадор).


хотел "Praia Golfe" 4*, (Ешпињо, област Порто)

 

Локација: Хотелот се наоѓа на брегот во крајбрежното одморалиште Ешпињо со панорамски поглед на Атлантскиот океан. Се наоѓа на околу 200 метри од станицата Ешпињо и е близу до казиното "Солверде".
Хотел: Хотелот има 8 ката и има 133 убаво опремени соби. Хотелот располага со главен ресторан, ресторан a la carte, бар, базен, сончева тераса, СПА центар / некои од услугите се со доплата /.
Соби: Собите се со поглед кон градот и океанот. Секоја соба има клима, телевизор, бања со туш и тоалет, фен, телефон, минибар, бесплатен Wi-Fi. Хотелот нуди услуга во соба (room service).
Плажа: чадори и лежалки со доплата (ориентациона цена: 5/7 евра на ден за лежалка или чадор).


ЦЕНИ И ДАТИ НА ПОАЃАЊЕ
29.08.2020 г.
€843
ограничени места
05.09.2020 г.
€828
ограничени места
12.09.2020 г.
€812
ограничени места
03.10.2020 г.
€787
ограничени места
10.10.2020 г.
€777
17.04.2021 г.
€761
РАНИ РЕЗЕРВАЦИИ
24.04.2021 г.
€761
РАНИ РЕЗЕРВАЦИИ
01.05.2021 г.
€786
РАНИ РЕЗЕРВАЦИИ
08.05.2021 г.
€786
РАНИ РЕЗЕРВАЦИИ
15.05.2021 г.
€786
РАНИ РЕЗЕРВАЦИИ
22.05.2021 г.
€786
РАНИ РЕЗЕРВАЦИИ
ограничени места
29.05.2021 г.
€786
РАНИ РЕЗЕРВАЦИИ
ограничени места
16.04.2022 г.
€761
РАНИ РЕЗЕРВАЦИИ
23.04.2022 г.
€761
РАНИ РЕЗЕРВАЦИИ
30.04.2022 г.
€786
РАНИ РЕЗЕРВАЦИИ
07.05.2022 г.
€786
РАНИ РЕЗЕРВАЦИИ
14.05.2022 г.
€786
РАНИ РЕЗЕРВАЦИИ
21.05.2022 г.
€786
РАНИ РЕЗЕРВАЦИИ
28.05.2022 г.
€786
РАНИ РЕЗЕРВАЦИИ
ТУРИСТИЧКА ПРОГРАМА
ДЕН
1
СофијаЛисабон

Поаѓање од аеродромот во Софија (Терминал 1) во 11:45 ч. со лет на авиокомпанијата "Wizz Air". Пристигнување во 14:05 ч. на аеродромот во Лисабон. Трансфер до хотел  "TRYP Lisboa Caparica Mar" 4 * (или сличен) во Коста де Капарика (околу 1 час). Сместување. Вечера. Ноќевање.

2
Лисабон

Појадок. Панорамска обиколка на Лисабон (вклучена во цената): реонот "Баиша", обновен по земјотресот во 1755 год.; Плоштадите "Фигеира" и "Росио"; Најголемиот плоштад во Лисабон - "Комерсио". Споменикот на Oткривачите, изграден во чест на Енрике Морепловецот, кој се наоѓа на устието на реката Тежу; кулата "Белем" и манастирот "Жерoнимуш" кој се смета за ремек-дело на португалската мануелна уметност. Слободно време за самостојно разгледување на градот. Враќање во хотелот.  Вечера. Ноќевање.

3
ОбидушБаталјаНазареФатима

Појадок. Слободно време или по желба целодневна екскурзија до Обидуш, Назаре, Фатима и Баталја - ден во кој ќе ги посетите едни од најпознатите историски места во Португалија. Заборавете на сегашноста и вратете се назад во времето во селцето Обидуш, опкружено од ѕидините зад кои се наоѓаат традиционални бели куќи и мали трговски улички кои водат кон замокот од XV в. Посета на манастирот во Баталја (под заштита на УНЕСКО) - прекрасен споменик на националната архитектура и едно од најголемите готски ремек-дела во Европа. Изграден е во 1388 г. за да ја одбележат заклетвата што ја дал кралот Жуау I на Пресвета Богородица - дека ќе изгради величествен манастир ако ги победи кастилците во битката кај Алжубарота. Поаѓање за Назаре, кој во минатото бил мало рибарско село, а во денешно време е познат не само со риболовот, но и со убавите плажи, прекрасната кујна и уникатните локални народни носии. Посета на Фатима - центар на католичката вера и дестинација за верници од целиот свет. Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.

4
СинтраКашкаишЕшторилКабо де Рока

Појадок. Слободно време или по желба целодневна екскурзија во Синтра, Кабо да Рока, Ешторил и Кашкаиш. Неслучајно Синтра се смета за една од најдобрите туристички дестинации на Португалија - замоци, аристократски дворци, споменици, фасцинантна природа и незаборавни глетки. Посета на „Паласио Насионал Синтра“ - палатата била официјална резиденција на кралското семејство до почетокот на XX в. Можност за посета на дворецот "Кинта да Регалеира" - комплекс од 5-катна палата, прекрасен парк со езера, пештери, извори и фонтани. Таа била изградена од Карваљо Монтеиро на почетокот на XX в. како имот, а денес е сопственост на општината. Кашкаиш и Ешторил се претвораат во едни од најкосмополитските туристички дестинации на Португалија од како кралот Луис I го избира заливот за неговата летна резиденција на крајот на XIX век. Кашкаиш - типично рибарско село кое се претворило во прекрасно морско одморалиште, на чиј што брег се наоѓа "Устата на Пеколот" (Boca do Inferno) - импресивна карпеста провалија каде се губат морските води. Ешторил - тропска градина лоцирана на брегот на морето. Кабо да Рока - најзападниот дел на континентална Европа. Прочуените португалски морнари тргнале од тука кон непознатото за да најдат нови земји, да добијат слава, богатство и престиж. Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.

5
KоимбраАвеироПорто

Појадок. Ослободување на собите во хотелот. Поаѓање за Коимбра - често нарекуван „Универзитетски главен град на Португалија“. Тука е најстариот универзитет во земјата и еден од најстарите универзитети во светот. Главната атракција е библиотеката на универзитетот „Жоанина“, во чија колекција има повеќе од 300.000 книги. Слободно време во Стариот град Коимбра, каде тесните улици се вијат по ридот и водат низ многу сводови од Катедралата до Бајша (трговскиот дел на градот). и Црквата на Светиот крст, каде е положено телото на првиот крал на Португалија, Алфонсо Енрикеш. Следува посета на Авеиро, град полн со бројни канали (потсетува на Венеција), низ кои се луѓето се превезуваат со чамци. Се одликува со силен контраст на бои што е карактеристично за скандинавските земји. Заминување кон реон Порто. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.

6
Порто

Појадок. Туристичка програма во Порто (вклучена во цената) - втор по големина град во Португалија, вклучен во листата на светскот културно историско наследство на УНЕСКО: железничка станица "Сао Бенто" вистинско ремек дело. Овој транспортен центар ја претставува португалската историја преку прекрасни португалски плочи со уметнички изразени историски сцени; камбанаријата на "Торе Душ Клеригуш"(Кулата на клириците); Катедралата "Порто" една од најстарите зфради во градот која се издига на карпест терен од каде има прекрасна панорама кон старата населба Рибеира.Оттука   преку средновековните улици со гранитни куќи од 12 в. можете да стигнете до шеталиштето "Доро". Можност (со доплата) за мини крстарење по реката Доро (околу 50 минути, со доплата на лице место - околу 15 евра). Поглед кон мостот "Дон Луиш I" нај атрактивен од 6-те моста  на река Доро кој е изграден од ученик на Густав Ајфел. Можност за посета на винарска визба и дегустација на светски познатиот Портвајн - вино карактеристично за Португалија со збогатен вкус кој наликува на ликер. тр. Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.

7
БрагаГимараеш

Појадок. Слободно време или по желба целодневна екскурзија до Брага и Гимараеш - најживописната провинција на Португалија - "зеленото Мињо". Брага е прекрасен средновековен град полн со историја, многу цркви и манастири. Посета на катедралата и стариот дел на градот. Фотопауза на цркватата "Bom Jesus do Monte" - (Милостивиот Исус). Овој храм е лоциран на врв од рид, чии барокни скалила имаат 17 плоштадки украсени со параклиси, прекрасни фонтани и скулптури. Во најнискиот дел на овие барокни скалила  може да се видат мотиви кои ги прикажуваат маките на Исус, средното ниво е посветено на петте сетила, а најгорното - на христијанските добродтетели  вера, надеж и љубов. Поаѓање за Гимараеш - првата престолнина на Португалското кралство и средновековен ансамбл, вклучен во Листата на светското културно и природно наследство на УНЕСКО: плоштад "Св. Јаков "и црквата за аџилак " Носа Сењора да Оливеира ". Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.

8
ЛисабонСофија

Појадок. Ослободување на собите во хотелот. Трансфер до аеродромот во Лисабон. Поаѓање за Бугарија во 14:45 ч. со лет на авиокомпанијата "Wizz Air".  Пристигнување на аеродромот во Софија (Терминал 1) во 20:40 ч. 

СМЕСТУВАЊЕ
Изберете датум на заминување:
ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ
Доплата за сместување во соба со поглед кон океанот во хотел "TRYP Lisboa Caparica Mar" 4 * во реонот на Лисабон на турист во двокреветна соба (по потврда)
€38
Доплата за сместување во соба со поглед кон океанот во хотел "TRYP Lisboa Caparica Mar" 4 * во реонот на Лисабон на турист во еднокреветна соба (по потврда)
€76
Доплата за сместување во соба со балкон и поглед на океанот во хотел "Axis Vermar Conference & Beach" 4 * во реонот на Порто на турист во двокреветна соба
€20
Доплата за сместување во соба со балкон и поглед на океанот во хотел "Axis Vermar Conference & Beach" 4 * во реонот на Порто на турист во еднокреветна соба
€39
Целoдневна екскурзија до Обидуш, Назаре, Фатима и Баталja на бугарски јазик при минимум 20 регистрирани туристи
€49
Целодневна екскурзија до Брага и Гимараеш на бугарски јазик при минимум 20 регистрирани туристи
€45
Целодневна екскурзија до Синтра, Кашкаис, Есторил и Кабо де Рока на бугарски јазик при минимум 20 регистрирани туристи
€45
Пакет од три екскузрии: Синтра, Кашкаис, Есторил и Кабо де Рока + Обидуш, Назаре, Фатима и Баталја + Брага и Гимараеш на бугарски јазик при минимум 20 регистрирани туристи
€125
Специјална услуга: Ноќевање во хотел "Хемус" *** по пристигнување (цена на турист при сместување во двокреветна соба)
€18
Специјална услуга: Ноќевање во хотел Хемус *** по пристигнувањето ( цена на турист при сместување во еднокреветна соба )
€26
Traveller BeOnTime - компензација во форма на ваучер за патување во износ од 200 лв. При задоцнување со повеќе од еден час на летот на враќање (изјавува до 7 дена пред датумот на поаѓање). За дополнителни информации - на сајтот на агенцијата или кај вашиот туристички агент.
€10
За лица над 65 години автоматски се додава доплата за осигурителна премија
€0
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
Авионски билет Софија - Лисабон - Софија на авиокомпанијата "Wizz air" со вклучени аеродромски такси, рачен багаж до 10 килограми (40х30х20 см) и чекиран багаж до 20 килограми
Трансфер аеродром - хотел - аеродром
Транспорт по предвидената рута со комфорен туристички автобус
4 ноќевања во стандардна соба со појадок и вечера со вклучени вино и вода во хотел "TRYP Lisboa Caparica Mar" 4 * (или сличен) во реонот на Лисабон
3 ноќевања во стандардна соба со појадок и вечера со вклучени вино и вода во хотел "Axis Ofir Beach Resort"4* / "Axis Vermar Conference & Beach" 4* (или сличен) за сите пролетни дати на поаѓање и во хотел "Praia Golfe" 4* (или сличен) за сите есенски дати на поаѓање во реонот на Порто
Полудневна туристичка програма во Лисабон
Панорамска обиколка на Порто со водич на бугарски јазик
Пешачка прошетка во Авеиро и Коимбра
Претставник на македонски/српски/бугарски за време на целиот престој
Патничко осигурување со покритие до 30 000 EUR на осигурителна компанија "Сава осигурување".
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Слушалки за време на разгледите - околу 7 EUR по лице за целиот престој (задолжително се плаќаат на лице место на водичот; деца до 6 години не користат слушалки и не се таксуваат)
Сместување во соба со поглед кон океанот во хотел "TRYP Lisboa Caparica Mar" 4* во реонот на Лисабон
Сместување во соба со поглед кон океанот во хотелите "Axis Vermar Conference & Beach" 4* и "Praia Golfe Hotel" 4* во реонот на Порто
Целодневна екскурзија до Обидуш, Назаре, Фатима и Баталија
Целодневна екскурзија до Синтра, Кашкаиш, Ешторил и Кабо де Рока
Целодневна екскурзија до Брага и Гимараеш
Миникрстарење по реката Доро (со доплата на лице место - околу 13 евра, при соодветни временски услови)
Влезници за објектите за време на дополнителните екскурзии и други музеи, локации и настани кои се посетуваат по желба
Влезници за: манастирот "Жеронимуш" (10 евра), комбиниран билет за манастирот и Националниот археолошки музеј (12 евра); кулата "Белем" (6 евра) во Лисабон; за палатата "Кинта да Регалеира" (6 евра + 1 евро за слушалки) во Синтра; за манастирот "Санта Марија де Виторија" (6 евра) во Баталја; за универзитетот во Коимбра(5-12 евра)
Билет за фуникулер до црквата "Bom Jesus do Monte" (околу 1,20 евра) во Брага
Јавен превоз, лични трошоци, бакшиш за водич / возач: 2 евра по турист на ден - се плаќа на лице место
За лица над 65 години автоматски се додава доплата за осигурителна премија
КОРИСНА ИНФОРМАЦИЈА
Услови за плаќање: при резервација - 35% од вкупниот износ; доплата до 100% - до 30 дена пред датумот на поаѓање.
Услови за отказ: до 31 ден - 35% од основната цена; од 30 до 1 дена - 100% од вкупната цена.
Авиокомпанијата го задржува правото на промена на часовите на летовите
Цените на дополнителните екскурзии, кои се запишани на место се повисоки!
Редоследот на спроведување на екскурзиите е примерен и се дефинира на место.
Организаторот го задржува правото да менува часови или да ги помести екскурзиите за друг ден, кога климатските услови го налагаат тоа, за да се гарантира безбедноста и квалитетот на услугата.
Медицински и здравствени услови:
Нема медицински и здравствени услови, поврзани со патувањето.
Визно – пасошки режим:
Македонски државјани, кои што патуваат за земјата, е потребно да поседуваат валиден пасош минимум 6 месеци од денот на влегување во земјата.
Други програми за Португалија »