Почетна
Екскурзии и одмори
Дестинации
Календар
Промоции
Жешки понуди
Хотелски резервациии
Авионски билети
Влез за клиенти
Продажни места и контакти
Промоции
Жешки понуди
Потврдени датуми
Календар
Празници

Крстарење по реката Нил - 3 ноќевања на брод за крстарење

Рани резервации!

Софија – Хургада – Луксор – Деир-ел-Бахари – Едфу – Ком Омбо – Асуан – Хургада – Софија

ЦЕНИ И ДАТИ НА ПОАЃАЊЕ
07.10.2020 г.
€619
РАНИ РЕЗЕРВАЦИИ
21.10.2020 г.
€619
РАНИ РЕЗЕРВАЦИИ
04.11.2020 г.
€619
РАНИ РЕЗЕРВАЦИИ
18.11.2020 г.
€619
РАНИ РЕЗЕРВАЦИИ
ТУРИСТИЧКА ПРОГРАМА
ДЕН
1
СофијаХургада

Полетување од Терминал 1 на аеродромот во Софија во 15:00 ч. за Хургада со директен чартер лет на авиокомпанија "BH Air". Слетување на аеродромот во Хургада во 16:50 ч. Пречекување од фирмата партнер. Трансфер до хотелот. Сместување. Вечера. Ноќевање.

2
Луксор

Појадок (сув пакет). Рано заминување за Луксор. Трансфер до бродот.Ручек. Попладне туристичка програма по источното крајбрежие на Нил и храмовите во Луксор кој е лоциран на остатоците на древна Тива. Големиот храм во Луксор, подигнат од Рамзес II блиску до Нил, импресионира со своите џиновски колони. Заминување за Карнак – своевиден излог на достигнувањата на египетската архитектура за време на владеењето на 30 фараони. Религиозниот комплекс се состои од три главни храмови и неколку помали. Вечера и ноќевање на бродот.

3
Деир-ел-БахариЕдфу

Појадок. Поаѓање кон Деир-ел-Бахари - комплекс од царски гробници и храмот на Хатшепсут - првата жена фараон која го управувала Египет две децении. Посета на Долината на кралевите, каде што се наоѓаат 62 гробници на фараони, од кои едната е на Тутанкамон; колосите на Мемнон каде е насликан седнатиот фараон Аменхотеп III. Ручек на бродот. Поаѓање кон Едфу. Вечера и ноќевање на бродот.

4
ЕдфуКом ОмбоАсуан

Во ранните утрински часови разглед на храмот во Едфу кој што е посветен на Хор - бог - на соколите. Појадок. Слободно време на бродот. Ручек. Разглед на храмот во Ком Омбо кој што се издигнува над реката Нил и претставува необичен двоен храм - на Собег, богот на крокодилите . Вечера и ноќевање на бродот.

5
АсуанХургада

Појадок. Туристичка програма во Асуан: Високиот ѕид на браната Насер која ја преградува реката Нил; Незавршениот обелиск – фасцинантен споменик со височина 42 метри и тежина 1 200 т, кој никогаш не бил издигнат; Храмот на Изида. Поаѓање за Хургада. Сместување во хотел на  база all inclusive. Ноќевање.

6
Хургада

Појадок. Слободно време за плажа и одмор. Ручек. Вечера. Ноќевање.



По желба Туристичка програма и претходна резервација (се избира една од наведените три екскурзии):



1. Островот Гифтон и нуркање вклучувајќи: трансфер, ручек, безалкохолни пијалоци и опрема за нуркање. Екскурзијата започнува околу 8:00 ч. и вклучува возење со морски чамци со можност да уживаат во убавината на еден од прекрасните острови и богатствата на коралниот гребен. Враќање во хотелот околу 16:00 ч



или



2. Сафари во пустината со вклучена вечера. Поаѓаање од хотелот во 12 ч. Вашето запознавање со Египет ќе биде нецелосно ако го пропуштите патувањето во пустината на сафари. Ќе имате шанса да добиете уникатни впечатоци од возењето џипови во дините, екстремно возење на квадрицикли и коли двосед. Ќе јавате камила и ќе го запознаете животот на бедуините во пустината, посета на мала зоолошка градина и терариум, ќе уживате во фолклорна претстава (јога, дервиши, ориентални танци). Враќање во хотелот околу 21:00 ч.



или



3. Нуркање во Црвеното Море вклучувајќи: задолжително нуркање, ручек и пијалоци. Поаѓање од хотелот во 8:00 ч. Подводниот свет е шармантен, полн со живот и боја, непроверен и мистериозен, па затоа е уште поатрактивен. Нуркањето е начин за запознавање на овој свет, неверојатно комбинирање на нови впечатоци, уживање во богатството на подводниот свет, самопознавање и, се разбира, бесконечно задоволство. Враќање во хотелот околу 16:00 ч.

7
Хургада

Појадок. Слободно време за плажа и одмор. Ручек. Вечера. Ноќевање.



По желба туристичка програма и претходна резервација:



Екскурзија со автобус  во Каиро вклучувајќи: ручек (без пијалаци), двонасочен трансфер и водич. Поаѓање од хотелот околу 2:30 ч. Екскурзијата вклучува посета на едно од чудата на светот - египетските пирамиди кои го опфаќаат своето величие и мистерија. Од вииковецот на Гиза ќе уживате во погледите на Каиро. Исто така, нема да ја пропуштите и  средбата со импозантната статуа на Сфингата. Ручек. Посета на  фабрика за парфеми. Подоцна, посета на  историскиот музеј во Каиро, кој има многу скапоцени изложби од ерата на древната египетска цивилизација. Исто така постои сала со мумии на некои од најпознатите фараони. Музејот има повеќе од 12.000 артефакти од сите периоди на египетската историја. Враќање во хотелот околу 23 ч.

8
ХургадаСофија

Појадок. Напуштање на собите до 12 ч. Ручек во хотелот. Трансфер до аеродромот во Хургада. Полетување за Бугарија во 17:50 ч. со директен чартер лет на авиокомпанијата “BH Air”. Слетување на аеродромот во Софија во 21:50 ч.

СМЕСТУВАЊЕ
Двокреветна соба со француски лежај/брачен кревет
вклучено во цената
Двокреветна соба со разделени легла
вклучено во цената
Еднокреветна соба
+€126
ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ
Сафари во пустината (со вклучена вечера) - при минимум 20 туристи (краен рок за резервација до 30 дена пред датумот на поаѓање)
од 12 г.
€50
од 2 г. до 11 г.
€40
О-ов Гифтон и нуркање (со вклучен ручек, безалкохолни пијалоци, опрема за нуркање) - при минимум 20 туристи (краен рок за резервација до 30 дена пред датумот на поаѓање)
од 12 г.
€30
од 2 г. до 11 г.
€20
Нуркање во Црвеното Море (вклучува задолжително осигурување за нуркање, ручек и пијалоци) - при минимум 20 туристи (краен рок за резервација до 30 дена пред датумот на поаѓање)
од 12 г.
€50
од 2 г. до 11 г.
€40
Екскурзија со автобус до Каиро (со вклучен ручек без пијалоци) - при минимум 20 туристи (рок за резервација до 30 дена пред датумот на поаѓање)
од 12 г.
€90
од 2 г. до 11 г.
€60
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
Авионски билет Софија - Хургада - Софија за директен чартер лет на авиокомпанијата "BH Air" со вклучени аеродромски такси
Рачен багаж до 7 кг и чекиран багаж до 20 кг
Сите трансфери, екскурзии и посети опишани во програмата
4 ноќевања во Хургада во хотел Hawaii Le Jardin Aqua Park 5 * (или сличен) на база all inclusive
3 ноќевања на база полн пансион на бродот за крстарење 5 * на компанијата "Grand Cruises"
Опишаната туристичка програма
Влезници за објекти кои се посетуваат по програмата
Услуги од локални водичи
Патничко осигурување со покритие до 30 000 EUR на осигурителна компанија "Сава осигурување"
Водич - преведувач од Бугарија за време на целото патување
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Такса гориво и загадување - се објавува до 21 ден пред летот (се доплаќа задолжително доколку биде објавена таква)
Влезна виза за Египет - 25 USD, доплата на аеродромот во Хургада. При промена на цената, туристите ќе бидат известени навремено.
Дополнителни услуги по програмата
Пијалоци на брод
Бакшиш за туристички водич: 25 USD на турист за целиот престој (со доплата задолжително на лице место)
Други лични трошоци
Влезници за гробот на Тутанкамон (околу 250 ЕГП); за Хеопсовата пирамида (околу 360 EGP) за Музејот на мумии (околу 180 EGP), такса за слики во Историскиот музеј (околу 50 EGP) во Каиро
Влезници за други музеи, локации и настани кои се посетуваат по желба
Ручек на 5тиот ден од патувањето
Екскурзија до Каиро (со вклучен ручек без пијалок) - 90 EUR за возрасен / 63 EUR за деца до 11.99 г.
Сафари во пустината (со вклучена вечера) - 50 EUR за возрасен / 35 EUR за дете до 11.99 г.
Островот Гифтон и нуркање (со вклучен ручек, бесплатни пијалоци и опрема за нуркање) - 30 EUR за возрасен / 21 EUR за дете до 11.99 г. (се плаќа на место)
Нуркање во Црвеното Море (вклучува задолжително осигурување за нуркање, ручек и пијалаци) - 50 EUR за возрасен / 35 EUR за дете до 11.99 г .
За лица над 65 години автоматски се додава доплата за осигурителна премија
КОРИСНА ИНФОРМАЦИЈА
Екскурзијата се спроведува при минимум 100 регистрирани туристи!
Со пристигнувањето туристите ќе бидат пречекани од фирмата партнер на место посочно во ваучерот. Во денот на поаѓање, собите треба да се напуштат до 12h, багажот се остава во соба за багаж.
Поради постојано менување на цените на горивото, авиокомпаниите можат да наплатат т.н. "доплата за гориво". Во таков случај туроператорот го задржува правото да ја менува цената на патувањето со фактичката вредност на согорување такса и таа ќе се одрази на сите резервации за летот, за кои таа се наплаќа, без разлика кога тие се направени.
Авиокомпанијата го задржува правото да го промени времето на полетување и слетување за кое компанијата ќе ги информира патниците навремено.
Организаторот го задржува правото да ги менува правците и часовите или да премести патувања за друг ден, кога климатските услови го налагагаат тоа, за да се гарантира безбедноста и квалитетот на услугата.
Промените во маршрутата и програмата за време на екскурзиите поради виша сила или временски услови не даваат за право за поврат на средства за екскурзијата.
Резервации: резервациски депозит - 50% од цената на патувањето; доплата - до 30 дена пред датумот на заминување.
Откажувања: од денот по денот на резервацијата до 61 ден пред датумот на поаѓање - 35 % од основната цена на патувањето; од 60 до 31 ден пред датумот на заминување - 50% од основната цена на патувањето; 30 до 0 дена пред датумот на заминување - 100% од вкупната цена на патувањето.
Не се прифаќаат кредитни картички за плаќање на екскурзиите на лице место.
При откажување на екскурзија кое е помалку од 24 часа или “no - show”, следува 100% парична казна.
Екскурзија со автобус до Каиро (со вклучен ручек без пијалоци) - околу 21 ч. (900 км); Цена: 90 EUR за возрасен / 63 EUR за дете до 11.99 г. - Заминување од хотелот околу 02:30 ч. Екскурзијата вклучува посета на едно од чудата на светот - Египетските пирамиди кои пленуваат со величественост и мистериозност. Од плоштадот на Гиза ќе уживате во погледите на Каиро. Нема да ја пропуштите и средбата со импресивната статуа на Сфингата, а подоцна ќе посетите и Историски музеј во Каиро, кој чува бројни скапоцени експонати од времето на древната египетска цивилизација. Таму се наоѓа и салата со мумии на некои од најпознатите фараони. Враќање во хотелот околу 23 ч. ( екскурзијата е предвидена за 7ми ден, но промени се можни на лице место). (Влезница за една од пирамидите - околу 200 египетски фунти; влезница за музејот на мумии - околу 100 египетски фунти; Надомест за фотографирање во Историскиот музеј во Каиро - околу 50 египетски фунти).
Сафари во пустината (со вклучена вечера) - околу 9 ч.; Цена: 50 EUR за возрасен / 35 EUR за деца - Заминување од хотелот во 12 ч. Ќе имате можност за неповторливи впечатоци од возење со џипови, екстремно возење на квадроцикли и двоседи кабриолет. Ќе јавате камила и ќе се запознаете од блиску со животот на бедуините во пустината, ќе посетите мала зоолошка и терариум, ќе уживате во фолклорно шоу (јога, дервиши, стомачен танц), ќе ги набљудувате ѕвездите со телескоп. Враќање во хотелот околу 21 ч. (Екскурзијата е предвидена за ден 6, но можни се промени на лице место. Се избира една од 3-те екскурзии - Сафари во пустина; о-в Гифтон или Нуркање во Црвеното Море).
О-в Гифтон и нуркање (со вклучен ручек, безалкохолни пијалоци, опрема за нуркање) - околу 8 часа; Цена: 30 EUR за возрасен / 21 EUR за дете до 11.99 години - Екскурзијата почнува околу 8 ч. и вклучува морско пловење чамец со можност да уживате во убавината на еден од прекрасните острови и богатствата на коралниот гребен. Враќање во хотелот околу 16 ч. (Екскурзијата е предвидена за ден 6, но можни се промени на лице место. Се избира една од 3-те екскурзии - Сафари во пустина; о-в Гифтон или Нуркање во Црвеното Море).
Нуркање во Црвеното Море (вклучува задолжително осигурување за нуркање, ручек и пијалоци) - околу 8 часа; Цена: 50 евра за возрасни / 35 евра за деца. Подводниот свет е шармантен, полн со живот и бои, непроверен и мистериозен, а со тоа и уште попривлечен. Нуркањето е начин да се запознае овој свет, неверојатно комбинирајќи во себе нови впечатоци, естетско задоволствво, романтични авантури, самозапознавање и, се разбира, бескрајно задоволство. (Екскурзијата е предвидена за ден 6, но можни се промени на лице место. Се избира една од 3-те екскурзии - Сафари во пустина; о-в Гифтон или Нуркање во Црвеното Море).
Медицински и здравствени услови:
Нема медицински и здравствени барања поврзани со патувањето.
Визен режим:
Македонски државјани кои сакаат да ја посетат Арапска Република Египет со цел туризам и престој до 30 дена, можат да влезат на територијата на земјата со претходно добиени визи од египетската амбасада во Софија или да ги добијат на граничниот премин на аеродромот во Хургада. Пасошот треба да е со важност најмалку 6 месеци по датумот на влегување во земјата и во него да има барем една цела слободна страница на која ќе биде нанесена визата. На грбот на оваа страница не треба да има друга виза, освен печати од гранична контрола. Носителите на дипломатски пасоши задолжително треба да имаат влезна виза од Амбасадата на Египет во Софија.
Патувањето генерално не е погодно за луѓе со намалена подвижност!
Други програми за Египет »